Будва, љубов која трае
Будва се претвори во летна туристичка дестинација која не смее да се пропушти за сите туристи од регионот, кои по повеќедеценискиот близок однос повеќе не се чувствуваат како да се гости во нашиот град.
Доколку сакате само да испиете кафе пред „Могрен“, да прошетате низ Стариот град или во Милочерскиот парк и да ја почувствувате богатата историја и култура на ова поднебје, да уживате на некоја од бројните будвански плажи или скриени брегови, Будва е тука да ве пречека како свои најдобри пријатели!
Волшебното крајбрежје како сака да му угоди баш на секому.
Можеби сакате да уживате во морските специјалитети на морска пена или да го истражите будванското крајбрежје шетајќи по кривулестите, бескрајни пешачки патеки, да го поминете целиот одмор на прекрасната ривиера и мирно да уживате во се’ што ви нуди природата, Будва ќе направи да се чувствувате како да сте домашни, а не гости.
Со повеќе од милион остварени ноќевања на будванската ривиера скоро секоја година, гостите од балканскиот регион секогаш имале посебно значење за оваа туристичка дестинација. Сепак, не се бројките тоа што ја прави Будва важна туристичка дестинација – важна и значајна ја прават културолошката блискост и сличностите во менталитетот, она „уживање во животот“ по кое се особено познати луѓето од овие простори – она уживање кое најлесно се наоѓа токму тука, покрај сините води на Јадранот, каде што е добрата храна и виното, и уште подобрите пријатели.
На ривиерата долга цели 25 километри, една од најубавите на Јадранот, во индивидуално (тн. „приватно“) сместување се наоѓаат околу 32.000 кревети во соби, апартмани, куќи и вили за издавање, кои станаа вистинска гордост на Будва бидејќи успеваат да му парираат на најквалитетното хотелско сместување. Овој потег од Јаз до Буљарица опфаќа и 129 хотели со преку 17.000 места за сместување, од кои повеќе половина се хотели од висока категорија со 4 и 5 ѕвезди, хотели со конгресни сали, СПА и велнес центри, туристички населби со детски игралишта, отворени базени и зелени оази, но и мали, бутик-хотели кои само го нагласуваат шармот на овој крајбрежен мал град.
Луѓето во Будва се препознатливи по гостопримството и домаќинската атмосфера, но и солидарноста која се покажува тогаш кога е најпотребна. Издавачите на приватни сместувања и хотелиерите се прилагодија на новонастанатата ситуација и сега нудат аранжмани кои никогаш не биле подостапни, со многу дополнителни погодности, флексибилни резервации и можности за престој на деца. Чисто за пример, ова лето на будванската ривиера едно четиричлено семејство може да ужива во квалитетно хотелско сместување во полупансион по цени ниски и до 50 евра, и тоа на самиот морски брег.
Будва е подготвена и ова лето да биде вашиот прв избор при одбирањето на дестинација за одмор, бидејќи Будва е љубов која трае!