4 европски патувања (со автомобил) на кои треба да отидете барем еднаш во животот

Норвешка и возење по фјордовите: Рутата е Берген - Флам - Лоен

Ако барате целосен мир и обилни количини морска храна, ова е патувањето кое мора да го реализирате барем еднаш во животот.

Западна Норвешка важи за најпопуларна дестинација за оние што сакаат да патуваат со кампер-комбиња.

Градот Берген е одлична почетна точка за патувањето, оти пристаништето Бриген е сместено меѓу планините, но е надалеку познато и по рибните специјалитети.

Каде и да тргнете од Берген, нема да згрешите, но Норвежаните како следна станица ќе ви го препорачаат Флам, каде што треба да застанете за да ги видите бројните водопади.

За оние кои сакаат да ги видат од уште поблизу, се организираат тури со брод.

Последна дестинација е Лоен и неговиот лифт, кој е највисок во Европа. Оние што биле велат дека од височина од 900 метри, глетката надолу е навистина неверојатна.

Португалија, од еден до друг сончев град: Рутата е Лисабон - Синтра - Назаре - Порто

Лисабон е познат по својата комбинација на ултра-модерна култура и стара елеганција. Без разлика дали сакате да посетите еден од 25-те бесплатни музеи, да уживате во бројни кафулиња и ресторани или едноставно да уживате во денот, ова е град каде секој ќе најде нешто за себе.

Возењето на север до Порто трае само три часа, но тешко дека ќе можете да го поминете цел пат без да застанете во Синтра, градот од бајките, и палатата Пена.

Ако патувате во октомври или ноември, мора да го видите и Назаре, местото каде што се формираат бранови високи и до 30 метри, и кое е омилено за сурферите од цел свет.

А, кога ќе пристигнете во Порто, дури и да сте со автомобил, задолжително посетете ја железничката станица Сао Бенто, која е прогласена за најубава на светот.

На 5 минути пешачење оттука е Рибеира, населбата позната по одличните рибни ресторани и тапас баровите.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg