4 европски патувања (со автомобил) на кои треба да отидете барем еднаш во животот
Некои патувања се создадени за авантура, а не само за туристички разглед. Затоа, ви предлагаме 4 интересни патувања и дестинации кои треба да ги истражите додека патувате со (изнајмен) автомобил. И само да уживате.
Постои ли град во Европа што отсекогаш сте сакале да го посетите, а никако не успевате? Замислете само, со авион стигнувате до посакуваната дестинација, а таму изнајмувате автомобил и возите низ целиот регионот.
И така, без брзање ги истражувате градовите, околните селца, минувате преку планини, покрај море...
Во продолжение, 4 европски регионии кои можете да ги истражите додека патувате со автомобил:
Ирска од исток кон запад: Рутата е Кери - Голвеј - Даблин
Ирска и понатаму е потценета и покрај убавините со кои изобилува. Ако ја започнете вашата рута во Кери, патувањето можете да го почнете со проучување на ирската историја.
Камените островчиња и напуштените цркви во областа дефинитивно вреди да се истражат.
Од Кери до Голвеј се стига за три часа возење, а како одличен патоказ може да ви послужи реката Шенон, по чија должина ќе возите цело време.
Голвеј е прогласен за најпријателски град во Европа, па вреди да поминете барем една ноќ таму.
По уште три часа возење, ќе стигнете во Даблин. Овој град нуди многу за љубителите на уметноста, но и за оние кои сакаат забава. Од култура до храна, секој ќе најде нешто за себе.
Италија и брегот Амалфи: Рутата е Равело - Соренто - Позитано
На брегот Амалфи во Италија не му требаат посебни пофалби. Познат е по својата неверојатна убавина, па не е ни чудо што привлекува уметници, љубители на храната, филмаџии, но и туристи од целиот свет.
За да го извлечете максимумот од ова патување, потребен ви е автомобил кој може да се справи со угорници.
Почнете го патувањето во Равело, мало живописно село познато по веселите бои и керамиката.
По кратко возење низ ридовите, патот повторно се спушта до брегот, па ќе стигнете до скапоцениот камен на брегот - Соренто.
Последна станица е Позитано, мал град познат по романтиката и извонредната храна.