Најчестите грешки што ги прават туристите во Рим, според локалец
Не внимаваат на личните предмети
Иако Рим е генерално безбеден, сепак е голем град и треба да бидете внимателни.
Асија забележала дека туристите се најневнимателни кога седнуваат во некој од рестораните на плоштадите каде што и најчесто има грабежи.
Вашите лични предмети секогаш нека бидат до вас, особено на места со многу метеж и во јавниот превоз.
Јадат во ресторани покрај туристичките атракции
Асија вели дека повеќето ресторани лоцирани покрај атракции како Колосеумот користат стереотипи во декорирањето за да ги привлечат туристите.
Иако можеби имаат добра храна, овие ресторани се едни од најскапите во Рим.
Ако сакате да бидете како локалците, Асија советува да си купите парче пица или оброк за носење и да седнете на клупа покрај некоја атракција.
Едно од нејзините омилени места за јадење е покрај Пантеон.
Не обрнуваат внимание на цените кога седнуваат во ресторан
Ако сепак се одлучите за ресторан, Асија вели внимателно да ги погледнете цените на она што го нарачувате бидејќи честопати се случувало на крај да донесат сметка со поголема сума.
Оставаат многу голем бакшиш
Келнерите во Италија имаат релативно добра плата и не зависат од бакшишот.
Всушност, тие не ни очекуваат бакшиш, но ако сепак сакате да оставите, нека не биде повисок од 15% од износот на сметката.
Асија вели дека остава бакшиш од пет до десет евра кога оди на ручек во ресторан со 4-членото семејство.
Купуваат неавтентичен италијански сладолед
Италијанскиот сладолед, познат како gelato, се прави на посебен начин, а на повеќето места не се продава автентичниот производ.
Асија вели дека најлесно ќе препознаете дали станува збор за автентичен сладолед според неговата боја – ако има премногу дречлива боја, тогаш веројатно има и бои за храна кои не треба да бидат дел од рецептот.
За автентичен италијански сладолед, таа советува да одите во Fatamorgana, Torcè, Gelateria La Romana и Giolitti.
Спирова С. | Црнобело