„Бев на Занзибар – најдобрите и најлошите работи кои ги видов на оваа егзотична дестинација“
Пробај и пилешка шаварма, октопод со кари, пилау ориз кој може да се комбинира со говедско, јагнешко или пилешко месо. Оние кои сакаат месо на скара сигурно ќе уживаат во мишкаки – месо набодено на стапче и испечено на скара.
Ако си по слатко пробај калимати валани во шеќер. Тука ќе се најадеш овошје како никогаш порано. Ананас, манго, кокос, папаја, џекфрут се дел од овошките кои ќе бидат дел од твојата дневна детоксикација.
Сите оние кои се скептични спрема нови вкусови и кујни за нив има интернационални рецепти, така што секаде може да најдеш пици, тестенини и бургери на кои веќе си навикнат.
Има и добар избор на домашни пива: Kilimanjaro, Serengeti, Safari… А по неколку чашки Konyagi, кој не е ниту вотка, ниту џин, ниту рум, секогаш може да го крене расположението.
Не заборавај ги кафињата со различни ароми, пиво од банана, сок од шеќерна трска…
За Занзибар може многу да се пишува, ама сè додека не се доживее самата дестинација многу работи можат да останат завиткани во магла. Гледано од страна локалците живеат без стрес, и се водат според филозофијата Хакуна Матана. Во превод тоа значи живот без правила, одговорности и грижи.
Како и да е ќе забележиш дека мештаните на Занзибар живеат од денес за утре и пак испаѓа дека се посреќни од луѓето на Западот.
Иако можеби во некој момент ќе ти здодеат од напнувањето да ти продадат сувенири или некоја екскурзија, на крајот од денот со нивната ведра природа може лесно да се излезе на крај.
Кога и да почнеш разговор со некој трговец, првата цена што ќе ја слушнеш ќе биде многу високо, но не се откажувај лесно и ценкај се. Тие тоа го обожаваат. Најчесто се наоѓа заеднички компромис.
Во секој случај, не обрнувај толку внимание на приказните што ги слушаш за Занзибар, туку спарувај го куферот и лично доживеј го ова егзотично место на планетата. Затоа што Занзибар те менува, те подмладува и те прави посреќен!
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело