„Бев на Занзибар – најдобрите и најлошите работи кои ги видов на оваа егзотична дестинација“

Тура низ Стоун Таун – историско средиште на градот, како и некогашна престолнина на занзибарските султани. Скоро 80% од градбите се во лоша состојба, поради распаѓање на корален камен од кој се изградени зградите.

Во лавиринтот од тесните улички, со накрцани продавнички и сувенирници, рамо до рамо ќе се разминуваш со веспи, локалци и љубопитни туристи. Има многу локации што треба да се посетат.

Од куќата во која живеел Фреди Меркјури, Старата тврдина, Куќа на чудата, па сè до поранешниот пазар за робови, пазарот Дараџани и дегустирање на вкусните локални вкусови од Ноќниот маркет за храна Фородани.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 25

Фарма со зачини – ги има многу. Тука ќе се запознаеш со зачините (бибер, цимет, ванила, каранфилче …) што секојдневно ги користиме и како Занзибарците ги користат во своите домаќинства.

Најчесто има дегустирање на тропско овошје, како и шоу каде некој локалец се качува на високите палми.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 21

Плажата „Кае Фанк“ – ова може да го искомбинираш со посета на Сината лагуна каде што ќе пливаш со морски ѕвезди и еден од најфотогеничните ресторани на Занзибар, „The Rock“.

Потоа одиш на плажата Кае Фанк и чекаш да дојде 18 часот кога започнува вистинската магија – зајдисонце, група на локални танчари кои фасцинираат со своите акробации, логорски огин и групно играње на песната Jerusalema!

Тоа е моментот кога започнува вистинската забава.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 35

Секако има уште многу интересни локации, како островот Мнемба, кој е во сопственост на Бил Гејтс и имаш чувство дека се наоѓаш на Малдиви.

Островот Квале е измислен за сите оние што сакаат да нуркаат и да го истражуваат подводниот свет на Занзибар, а таму се наоѓа и лагуната со мангрови дрвја.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 1

Има и голем избор на активности што можеш да ги правиш во слободно време: од возење на скутер на вода, транспарентен кајак, крстарење со традиционални едрилици на зајдисонце и јавање на коњи на самата плажа, па сè до посета на село на Масаи, зоолошка градина со еден куп мајмуни или природен базен со водни желки.

А, кога станува збор за забава, диското Cocobello во Нунгви во никој случај не треба да се пропушти.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 11

Треба да се наведе и автентичноста на занзибарскатa кујна. Преку различни деликатеси може да се доживее Источна Африка, со влијанието на Индија и арапскиот свет.

Целата комбинација се врти околу морски производи, пилешко, тропско овошје и различни зачини.

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 19

Занзибарска пица е број 1 – затоа е толку позната помеѓу локалците и туристите. Ниту на изглед, ниту по вкус занзибарската пица не потсетува на италијанската.

Таа во принцип е тесто со различни состојки: од говедско месо, исечкан кромид, пиперка и домат, па сè до мајонез и крем-сирење. Нутела, банана и манго исто така е одлична комбинација!

zanzibar egzoticna destinacija sto sekoj treba da ja poseti barem ednash vo zivotot 27

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg