„Смртна казна за дрога и камшикување на хомосексуалците“ - блогерка од Хрватска раскажува за патувањето во Брунеј
Брунеј можеби не е многу позната туристичка дестинација, но некои патувачки блогери како Хрватката @vannabojovic обожаваат да ги истражуваат помалку популарните места и да раскажуваат приказни кои ние инаку не би ги слушнале.
Брунеј е азиска држава богата со нафта и е сместена на северниот брег на островот Борнео, кој се граничи со Јужното Кинеско Море и Малезија. Таму официјален јазик е малезискиот, а англискиот е главен втор јазик.
Скоро две третини од населението на Брунеј е официјално класифицирано како Малејци. Меѓутоа, оваа категорија ги вклучува не само етничките Малејци, туку и голем број домородни народи, како Дусун, Белаит, Кедајан, Мурут и Бисаја.
Кинезите сочинуваат околу една десетина од населението. Остатокот од жителите се состои од други домородни народи, луѓе од јужноазиско потекло и привремени работници од Азија и Европа.
Така и Вана, споделува на нејзиниот профил на Инстаграм за искуството кое го имала таму за 2 дена престој:
„Сум читала секакви забавни факти за оваа земја пред да дојдам, а истите секогаш се повторуваат во врска со озлогласениот шеријат (одредби за основните верувања и религиозните практики, како што се молитвените ритуали, правила за облекување и исхрана) и многу бизарниот султан - еден од најбогатите луѓе во светот.
Смртната казна за поседување дрога, алкохолот е забранет, а хомосексуалците не се добредојдени и се казнуваат со камшикување или каменување до смрт, а за кражба се сече рака.
Од овие причини замислив земја со 100% муслиманско население, задолжителен хиџаб и подеднакво строги правила за странците, а веќе при влегувањето во земјата ми кажаа дека можам да го оставам хиџабот и додека патувам на автостоп од границата до главниот град. “
Една жена ми кажа дека овде има голема заедница на странци. Поради толку многу христијани кои живеат овде и чии деца растат тука, недела е свет ден.
Со оглед на тоа дека за муслиманите е петок, во петок и недела овде не се оди на училиште, додека сабота е најнормален работен ден.
Така, Брунеј, мала земја која своето богатство го заснова на нафта, стана земја со уште еден интересен факт - викендот овде е два одвоени дена.
Што се однесува до шеријатските правила и дружењето со странци овде - завршив на забава последниот ден по откажаниот лет, а таа вечер сфатив дека доживувам сосема поинаков Брунеј од онаа што ја замислував според тоа што го прочитав и видов во медиумите.
Кога планирав да дојдам овде сите велеа „доволно е еден ден“ во врска со активностите што ги нуди земјата, а кога ја напуштав државата се прашував дали сето ова е само филм или реалност? Дали сето ова се случи во Брунеј? Што од овие работи е легално, а што не?
Дали сите странци живеат овде без да ги почитуваат сите правила и дали правилата за локалното население се толку строги во реалноста или само на хартија?“
Прочитајте и Држел секс-робинки, сопругата му е прва братучетка: Факти за скандалозниот султан на Брунеј
M. Г. | Црнобело / фото: Инстаграм