„Бев во Кавадарци – ме пречека совршен парк, чист град, луѓе со најтопли насмевки и најубави приказни“
И да не заборавам да напоменам, дека едно од местата кои најмногу ме воодушевија од дневната прошетка беше црквата Света Петка, со совршено уреден двор и тазе искосена трева.
За да стигнам дотаму прашав неколку жени по пат, не сакав воопшто да вклучувам мапа и слично, а мора да признаам тоа ми беше и тактика да си поразговарам со нив и да им ја почувствувам енергијата, а секоја една од нив верувајте застана, ме поздрави со насмевка и од петни жили се обиде да ми објасни каде да свртам и како да стигнам дотаму.
Се движев пешки, па влегував по улички, каде се цепеа дрва за зима и лаеа кучиња заштитници на дворовите и некако убаво ми беше.
Тој еден ден се чувствував како дел од Кавадарци, градот кој ми посака топло добредојде во секоја смисла на зборот и градот во кој многу наскоро планирам да се вратам.
Некако забораваме да си го цениме тоа што е наше, а имаме многу убавини. Јас сосема спонтано наидов на дел од нив во Кавадарци, а верувам дека ми остана уште многу што да видам, истражам и чујам.
Повеќе фотографии од Кавадарци:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело