Зошто мачките се толку обожувани во Истанбул, но и во цела Турција?

Замислете како шетате низ центарот на прекрасниот Истанбул. Ноќ е. Светлата на големата џамија Султанахмет бледнеат додека одите по една од уличките на историскиот центар на градот. Tемната ноќ ви покажува мистериозен аспект на поранешниот главен град на Отоманската империја. Одеднаш една сенка скока од зад зградите. Можеби ќе се уплашите, но за кратко ќе видите дека тоа е само едно преслатко бело маче кое бара гушкање. 

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-01.png

Оваа сцена се повторува во секое ќоше на Истанбул, па и во другите градови во Турција.

Мачките се вистинските протагонисти во оваа држава низ годините, па можеби се прашувате...

Зошто мачките во Турција ги сметаат за нешто свето?

Се верува дека Мухамед секогаш проповедал со мачка покрај себе. Според религиозните верувања, во една прилика, неговиот миленик му го спасил животот „удирајќи шлаканица“ на отровна змија која сакала да го касне пророкот.

Оттогаш, Мухамед одлучил да им даде заштита на сите мачки што ги сретнува и така станале негови омилени животни, а денес се голем дел од турската култура.

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-09.png

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-02.png

За мачките скитници во Истанбул се грижат граѓаните кои секогаш внимаваат да не им недостига храна и вода, а им градат и куќички за да се заштитат од временските неприлики. Дури, во годишниот буџет на градскиот совет има дел наменет за хранење и одржување на засолништа за мачки.

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-10.png

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-08.png

Иако во многу земји уличните мачки поминуваат навистина лошо, во Турција тие живеат како во рај. Доколку некогаш сте го посетиле Истанбул, би се согласиле со тоа и сигурно нема да можете да изброите колку мачки шетаат низ улиците, како и спокојството и самодовербата со кои го прават тоа.

Ако сè уште не сте го посетиле Истанбул, треба, а кога ќе го посетите, не заборавајте да ги погалите мачките кои ќе седнат до вас додека пиете турски чај, оние кои спијат во шарените килими на Старата чаршија или уживаат во погледот кон Босфорот.

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-04.png

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-03.png

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-06.png

gradot-machkite-zoshto-ima-tolku-mnogu-machki-vo-Istanbul-05.png

M. Г. | Црнобело / Фото: М. Г. (приватна архива)

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg