На кои места во Грција можете да одите на одмор и во октомври?
Во октомври можете да ги посетите грчките острови, кои во екот на сезоната се познати по високите цени и големите гужви. Многу веројатно е да најдете вонсезонски намалувања, а времето е сè уште поволно за одење на плажа.
Во текот на летната сезона, туристите обично сакаат да ги посетуваат туристичките места во северна Грција, но и на полуостровот Халкидики, а во октомври со падот на температурите, овие места не се идеални доколку сакате да одите на плажа.
Температурите во овој период во главно се пријатни, но времето не е доволно топло за капење, затоа во октомври, можете да ја искористите можноста и да посетите некои од грчките острови.
Со оглед на тоа што во екот на сезоната, патувањето на островите во јужниот дел на Грција обично е мошне скапо, а вон сезона (во октомври) можете да најдете намаленија што ќе ви овозможат да ги посетите и овие места.
Според travel insiders октомври е најдобар период во годината за да ги посетите островите: Санторини, Миконос, Крв и Кефалонија.
Во овој период од годината температурите се сè уште високи, а нема премногу гужва.
Санторини
Во октомври просечната температура на Санторини е околу 21 степен Целзиусов, а температурата на водата е околу 23 степени.
Пријатното време е одлично и за посета на историските места на островот, посета на околните винарии и секако за уживање на плажа.
Во овој период од годината, гужвите се намалени и секако може да најдете вонсезонски попусти и намаленија.
Миконос
Во октомври, најголемиот дел од гужвата на Миконос е расчистена, водата сè уште е топла, а цените се значително пониски.
Просечната температура на воздухот е околу 19 степени Целзиусови, а температурата на водата е околу 22 степени Целзиусови.
Крф
Слично како и на островот Миконос, на Крф температурата во октомври е околу 19 степени, а водите на Јонското Море се околу 22 степени Целзиусови.
Во овој период од годината на Крф, времето најчесто е топло и сончево, а ќе може да уживате и во прошетките и посетите на историските споменици без да се грижите заради огромната гужва и големиот број туристи.
Кефалонија
Во овој период од годината, температурата на воздухот е околу 18 степени Целзиусови, а водата на морето е околу 23 степени Целзиусови.
Островот кој мами со својата природна убавина е одличен за посета во октомври.
Б. С. Б. | Црнобело