Опасно искуство на Хрват: „Бев во Авганистан, пиев чај со Талибанците, ми дадоа оружје и ме прашаа дали сакам да пукам“

Хрватскиот патувачки блогер Кристијан Иличиќ со години неуморно истражува бројни земји низ светот и носи уникатно искуство од сите патувања на своите профили на социјалните мрежи, а неговите приказни од Авганистан се едни од најчитаните...

kako-zavrshiv-na-chaj-so-talibancite-bloger-od-hrvatska-spodeluva-prikazni-od-negovoto-patuvanje-vo-avgansitan-otkako-talibancite-ja-prezedoa-vlasta-01.png

Преку фотографии и видеа од различни патувања, можеме да ја видиме секоја од земјите што ги посетува Кристијан и тоа онакви какви што навистина се. Тој пренесува одлични приказни од локалното население, традиции, обичаи и други интересни работи.

Според неговите објави можеме да забележиме дека Кристијан е вљубен во Авганистан, а често споделува дека тоа е така затоа што искуството во таа земја е сосема поинакво од сè што можеме да очекуваме.

https://www.instagram.com/p/CfTP6qZNQRg/

https://www.instagram.com/p/CftBXF8DiFt/

Тој споделува дека таму запознал луѓе полни со добрина кои, без разлика колку имаат, пак даваат. Луѓе кои сакаат да ве угостат во својот дом и да ви дадат храна, луѓе кои се полни со живот и кои живеат без страв од војна, што ја прави земјата позната како опасна. Освен тоа, земјата е богата со култура и традиција, а може да се видат и многу уникатни градби.

https://www.instagram.com/p/CflSoL4jBza/

Така, откако Талибанците ја презедоа власта тој собра храброст и пак се врати да ја посети земјата. Кристијан споделува интересни работи за Талибанците како што е нивната радост додека се возеле на педалини, бидејќи е нешто што го гледаат првпат во животот, како и нивната среќа во очите кога тој ги фотографирал.

https://www.instagram.com/p/CfV06TajP2Q/

Кристијан реши да оди на ова патување со отворен ум, без предрасуди, па така еден ден тој беше поканет и на чај со Талибанците.

Тој на својот профил на Инстаграм го споделува своето искуство:

„Талибанците се етнички Паштуни и главно се грижат само за Паштуните. Малцинствата немаат заштита. Има напади врз нив. Додека бев таму 3 дена, имаше 3 бомбашки напади по ред, а многумина го изразуваат своето сомневање дека Талибанците стојат зад нападите на „непознати сторители“.

Ќе бидам објективен и ќе ги пренесам фактите такви какви што се. Многумина споменуваат и некои добри страни на Талибанците. На пример, тие се многу скромни, не возат луксузни автомобили, не се расфрлаат со пари, не користат луксузен канцелариски мебел.

Доволно им е чај и леб и се радуваат...

Штом пристигнавме, решив да ги прашам Талибанците дали можам да ги фотографирам! Интересно е што повеќето се согласија и позираа со оружјето. Во еден момент дури и извадија базука и некоја помоќна артилерија и продолжија да позираат. Кога заврши „фотосесијата“, ме поканија кај нив кај контролниот пункт, на чај.

Секако, не одбив чај од нане. Седнав со нив, ми посакаа добредојде, ја изразија својата радост што сум тука, рекоа дека ќе уживам да патувам низ нивната земја и беа исклучително пријателски расположени.

Можеби сега кога ја освоија земјата сакаат да остават поинаков впечаток, а можеби и луѓето од овие делови на светот се родени да бидат гостопримливи, но само откако ќе ги остават пушките.

Започнувам да разговарам со нив и ми раскажуваат дека се многу среќни што Америка ја напушти нивната земја, среќни се што се на власт. Ги прашав што ќе прават со нападите на Исламската држава и нарушувањето на мирот. Тие тврдат дека се подготвени да се борат против нив, дека ќе го бранат Авганистан и дека веќе ги има многу помалку во земјата.

Пиевме чај, а тие пак го земаа оружјето. Ми ставија калашников во раце и ме прашаа дали сакам да пукам. Ми се виде малку смешно, но и чудно. Едноставно, во еден момент сфатив дека сме на контролен пункт, дека овие луѓе сега се „законот и редот“ на оваа држава, односно официјална војска или полиција, сеедно.

И му даваат на некој тотален странец калашников за да пука малку! Такво нешто нема никаде во светот! Замислете да ве запре полицијата или војска каде било и да ви кажат дека треба да пукате малку со оружјето. Тука за првпат наидов на нешто што подоцна го забележав при моите патувања и во некои други ситуации.

Овие луѓе се опасни, вооружени деца. Пиштолите им се играчки, си играат со законот. Не знаат да работат никакви тешки работи и секаде каде што е потребно некакво знаење, ги нема. Затоа бев толку збунет на аеродромот. Во зградата на аеродромот нема Талибанци.

Само надвор од него, каде што можете да ги видите со оружјето, па дури и да се фотографирате со нив. Сето ова беше надреално. Сега пиев чај со нив, а пред две години да ги сретнав веројатно би ме киднапирале и убиле.

https://www.instagram.com/p/CfQuStNNeJS/

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg