Не е срамота да нарачате само кафе и да седите со часови - Грк споделува совети за културно однесување за туристите

Не велиме „опа“ и не кршиме чинии и додека играме сиртаки постојано. Ако седнувате во кафуле не мора да го испиете кафето и веднаш да избегате - уживајте си во муабетот. Грците не ги почитуваат сообраќајните знаци и често се лоши возачи, а никој не застанува на пешачки... Грк споделува совети за неговата земја кои ќе им бидат од корист на туристите.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-01.jpg

Во лето Грција е атрактивна туристичка дестинација како за балканските, така и за голем број странски туристи, а еден анонимен Грк на Reddit објави подолг текст во кој им објасни на сите туристи како треба да се однесуваат во неговата земја и открива што е сосема нормално во Грција.

Некои од најинтересните совети на овој Грк:

Не одете во Миконос, Санторини и другите места што се стапици за туристи.

Знаеме дека сите сакате магични фотографии од Грција, но не мора да потрошите цело богатство за тоа, нели. Ние Грците, ги избегнуваме тие места затоа што знаеме дека таму сѐ е скапо. Можете да го посетите Наксос или Парос/Антипарос.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-02.jpg

Не велиме „опа“ и не кршиме чинии и додека играме сиртаки постојано. Тоа е повеќе стереотип што понекогаш, некои Грци може да го сфатат и како навреда. „Опа“ се користи како извик, кога случајно ќе турнете некого или кога кревате нешто тешко.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-03.jpg

Имајте почит за старите објекти. Не правете фаци додека се фотографирате со разголените скулптури и не се потсмевајте со нив. На тој начин веднаш ќе нѐ разлутите – запомнете, ние се гордееме со нашата богата историја.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-04.jpg

Ако планирате да го посетите Акропол во Атина, направете го тоа наутро. Нема да сакате да се качувате на ридот по 12 часот попладне или во периодот кога е пеколно топло.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-18.jpg

Не брзајте да го испиете кафето и да избегате од кафулето. Ние вообичаено кога одиме на кафе, поминуваме по неколку часа со пријателите, разговараме, се смееме... Не мора да нарачувате повеќе од едно кафе или да трошите многу пари. Истото се однесува и на алкохолот.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-05.jpg

Пред да седнете во ресторан, обрнете внимание на менито. Ако нема цени во него, тоа најчесто значи дека станува збор за место каде цените се премногу високи и веднаш треба да станете.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg