Совршена природа, култура и вкусна храна на едно место - Нови Сад ви нуди незаборавни искуства

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа животот во Нови Сад после енергичниот јули кога улиците на Нови Сад се исполнети со разиграни туристи и посетители на еден од најпознатите европски фестивали, одговорот лежи во пиење на коктели на градската плажа во текот на денот, шетање по старото јадро на градот во вечерните часови и бегство во релаксирачките предели на Фрушка гора за викенд.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-01.jpg

Бегство од градската врева

Кога августовското сонце ќе ги загрее широките булевари во Нови Сад, Фрушкогорските шуми, ливади и полиња претставуваат право засолниште за сите што сакаат да побегнат од градската врева. Бројните излетнички места на Фрушка гора помеѓу кои се и Стражилово, Иришки венац, Змајевац, Андревље, Бранковац, Летанка и многу други, го враќаат мирот што секојдневната градска гужва и бука можат да го нарушат.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-02.jpgфото: Бешеново, Александар Милутиновиќ

Прошетката по најстариот национален парк можете да го дополните со посета на некој од многубројните Фрушкогорски манастири или да уживате во пејсажите на фрушкогорските езера како што се Бешеново, Борковец, Сотско и многу други, кои се сокриени помеѓу зелените ридови на српскиот Атос.  

По трагата на сладокусците

По долгите прошетки на зелените патеки на Фрушка гора вистинско време е да свратите во една од најпознатите новосадски слаткарници со која ќе тргнете на патување низ времето кога ќе пробате некоја од нивните превкусни слатки. Само во слаткарницата „Времеплов“ можете да го пробате чоколадниот новосадски колач „Мира Бањац“ и да дознаете каква приказна се крие зад него.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-03.jpgфото: Торта Мира Бањац, Драган Куручиќ

Во самиот центар на градот можете да се засладите и во други бројни слаткарници како што се Европа, Ана, Фигаро Плус, Шехерезада, Моритз Еис, Ице Лаб и многу други.

Септемвриски звукови на новосадската песна

Ако планирате да дојдете во Нови Сад во септември, искористете ги последните моменти од летото да посетите уште некој од бројните настани и концерти што за вас ги спреми овогодинешниот град на културата. Во текот на септември ве очекува еден од најпознатите настани кој е дел од проектот „Европска престолнина на културата“, а тоа е „Калеидоскоп на културата“ во текот на кој и оваа година во период од еден месец ќе се одржуваат најразлични културни настани во Креативниот дистрикт.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-07_1.JPGфото: Калеидоскоп на културата, Александар Милутиновиќ

Меѓутоа не треба да се заобиколат ни традиционалните настани како што се ,,Festival uličnih svirača“, познат и како ,,Gradić fest“, кој веќе повеќе од две децении се одржува на просторот на Нови Сад, a ни фестивалот ,,Ukusi Vojvodine“ кој ги собира гастрономите и љубителите на војводинската кујна од цела Војводина, па и пошироко.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-04.JPGфото: Вкусовите на Војводина, Александар Милутиновиќ

Доколку ве интересира што уште можете да правите во Нови Сад во текот на септември, ви предлагаме да се запознаете со делата на пештанскиот архитект Lipota Baumhorna чии дела и денеска спаѓаат помеѓу најрепрезентативните сецесијски наследства, да се упатите кон Сремска Каменица и Лединци и да пробате некое од најубавите вина од Фрушка гора или да го искористите ѕвезденото небо и да научите нешто ново за волшепството на астрономијата.

Есенски денови на улиците на Нови Сад

Во моментот кога октомври ќе чукне на врата, знаете дека есента стигнала и официјално. Лисјата почнуваат да жолтеат, заоѓањето на сонцето станува посебно, а луѓето порелаксирани.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-06.jpgфото: Музеј на Војводина, Драган Куручиќ

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-07.jpgфото: Музеј на Војводина, Драган Куручиќ

За сите што ќе посакаат да го посетат Нови Сад во овој период, ви предлагаме да погледнете една од бројните претстави на Oперата или Балетот на Српскиот народен театар кои се една од најголемите скапоцености на Нови Сад, или да посетите една од најзначајните културни институции на Нови Сад, Музеј на Војводина, и да се запознаете со приказната за римските парадни шлемови, но и со целата историја на нашето подрачје.

sovrshena-priroda-kultura-i-vkusna-hrana-na-edno-mesto-novi-sad-vi-nudi-nezaboravni-iskustva-05.jpgфото: Српски Народен Театар, Александар Милутиновиќ

За да го надополните својот престој во Нови Сад, секогаш можете да отпатувате до винската галаксија, позната како Сремски Карловци или да уживате во есенските бои во туристичката оаза Мала Ремета, која го краси малото Иришко село со истоимениот манастир, како и познатата винарија Деуриќ која ги освои срцата на пошироката публика.

Доколку сакате повеќе информации за тоа како да го поминете времето во Нови Сад во текот на август, септември и октомври, посетете го сајтот на Туристичка огранизација на Градот Нови Сад и погледнете ги понудите што ги спремиле за вас.

Туристичка огранизација на Градот Нови Сад

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg