Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фото-докази дека планинарскиот дом Караџица е едно од најубавите места во Македонија

Сигурно и вие на Инстаграм сте налетале на фотографии направени таму... Салатка и студена ракиичка на терасата, како и скара и чаша бело винце, примамливо, зарем не?

foto-dokazi-deka-planinarskiot-dom-karadjica-e-edno-od-najubavite-mesta-vo-makedonija-01.jpg

Планинарскиот дом Караџица е познат по спектакуларната тераса од која има неверојатен поглед и ако досега не сте го посетиле веруваме дека ќе го посетите по оваа статија.

Планинарскиот дом Караџица се наоѓа на падините на планината Мумџица, која е составен дел на планинскиот масив Јакупица, која пак го зазема централниот дел на Република Македонија.

Изградбата на домот е започната во 1952 година, а во свечена употреба за посетителите е пуштен во 1954 година (според сведоштва на планинари).

Домот Караџица, се наоѓа на 1.450 м.н.в. и до него може да се пристигне на неколку начини и од неколку правци.

Со возило патот води од Драчево кон селата Д. Количани - Горно Количани - Црвена Вода-Преслап - потоа кон викенд населбата Мала Река, па кон селото Алдинци каде по неколку километри се пристигнува во домот.

Од Драчево до планинарскиот дом Караџица има 38km колски пат.

Следна опција за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново - Долно Јаболчиште - Горно Јаболчиште - Дом Караџица.

Атмосферата преку фотографии:

С. С. | Црнобело / инфо: Википедија

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто би сакала да се родев во Италија За да пијам вино во Тоскана, да јадам каноли од кои тече крем од ф'стак на Сицил...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg