Марцамеми - најсимпатичното италијанско селце што сум го посетила, српска блогерка ми врати спомени
Јас го посетив ова магично цветно, рибарско селце на Јонското Море кога бев на одмор на Сицилија во 2018 година, а сега српската блогерка Јована Квржиќ со фотографиите ми врати прекрасни спомени оттаму...
Италијанскиот остров Сицилија како дестинација за летен одмор? Дефинитивно да!
Јас бев во 2018 година и дефинитивно планирам да одам повторно, навистина има што да се види и доживее.
Во мое сеќавање најсилно се врежа селото Марцамеми, кое е најслаткото италијанско селце на Јонското Море, едноставно рај за сите сетила.
фото: Приватна архива
фото: Приватна архива
Има мала површина и само околу 300 жители, но е совршено туристичко место за попладневна прошетка и ручек или вечера.
За него српската патувачка блогерка Јована Квржиќ, која го посети летово 2022-ра, пишува:
„На мапата на Сицилија уште во 10-тиот век го впишале Арапите, па затоа до ден денес носи така уникатно име кое му го дале пред повеќе од 1.000 години.
Покрај туризмот, главно занимање на жителите на Марцамеми е риболовот, што се гледа на секој чекор.
Единствена мана на ова место се плажите, кои се полни со морска трева, и тоа во количина која никогаш во животот не сум ја видела. Ми кажаа дека тоа е најверојатно затоа што во негова близина се судираат Јонското и Средоземното Море и морските струи создаваат проблеми.
Марцацеми се наоѓа на околу 45 минути возење од градот Сиракуза и кога ќе одите на Сицилија мора да биде на вашата листа за посета.“
С. С. | Црнобело