Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Скопје, најчудниот град на светот“ – Пар од Јужна Африка открива како ја доживеал Македонија

„Берлин ли е? Париз ли е? Не, тоа е најчудниот град на светот - Скопје. Манастирот Свети Никола Шишевски - имаше доста качување и немавме поим уште колку качување уште има, но дефинитивно вредеше за глетката. Видовме само 5 од 365-те цркви во Охрид - мора да се вратиме...“, се дел од искуствата на пар од Јужна Африка од патувањето во Македонија.

skopje-najchudniot-grad-na-svetot-par-od-juzhna-afrika-otkriva-kako-ja-dozhiveal-makedonija-01.jpg

Пар од Јужна Африка работи онлајн и патува низ светот. Меѓу низата десинации кои ги има посетено е и Македонија.

Тие ги споделуваат своите искуства на Инстаграм профилот „Kinfolk Travels“.

За своите патувачки авантури велат:

„Патувањето е забавно, но не е секогаш лесно да си далеку од домот, семејството и пријателите.

Но, бидејќи патуваме двајцата заедно полено е да имаме епски авантури, да посетуваме нови места, да искусуваме нови култури и сето тоа да го вклопиме со нормалниот тек на животот, односно кое млеко да го купиме, какво сместување преку Airbnb да избереме, која е најдобра СИМ картичка, каде да пронајдеме овошје и зеленчук, па малку да плачеме кога плановите не ни испаѓаат, но и да му се радуваме на сето тоа што ни го дава животот и да сме сигурни дека секој миг вреди злато.

Работиме како дигитални номади и посетуваме прекрасни места, кои не ни знаевме дека постојат и кои најверојатно да не се нафатевме на оваа авантура немаше никогаш ни да ги посетиме.“

Авантуристичкиот пар ја посети Македонија во 2021-ва година, а на Инстаграм тие прикажаа како ја доживеале.

Нивните искуства од Македонија:

„Берлин ли е? Париз ли е? Не, тоа е најчудниот град на светот - Скопје.“

„Скопје - град на статуи.“

„Старата чаршија во Скопје.“

„Кањонот Матка - најдоброто од Македонија и на само 30 минути од главниот град.“

„Пештерата Врело, за која се верува дека е најдлабока подводна пештера во светот.“

„Манастирот Свети Никола Шишевски - имаше доста качување и немавме поим уште колку качување уште има, но дефинитивно вредеше за оваа глетка.“

„Охрид - нашето второ омилено место во Македонија, по кањонот Матка.“

„Националниот парк Галичица - Македонија е една од најмалку посетуваните земји во Европа, но природата е неверојатна.“

Уште 8 коментари за Македонија на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“ „Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg