„Бев на аеродромот во Свети Николе, па кај пчелите на тетка Драгица во штипско – имав уникатна тура низ Македонија“
Ние кога појдовме немаше никого, само домаќинот на имотот, но местото дефинитивно ми остави впечаток. Фреските се малку оштетени, но времето е виновникот за тоа.
Потоа, Горан нè одведе на археолошкиот локалитет Баргала, кој е блиску до црквата и пешки можете да стигнете.
Баргала е древен град во Македонија, сместен во близината на Горни Козјак покрај Козјачка Река и е оддалечен 12 километри од Штип.
До античкиот град Баргала, во подножјето на планината Плачковица води асфалтен пат. Овој антички град се споменува во еден натпис уште од 371 година, па рушевините останати да сведочат за минатите времиња ќе ви раскажат многу приказни.
Од буриња за вино до турски бањи, оваа тврдина со големи и цврсти камени ѕидови, како и кули изгледа величествено и лично мене ме потсети на локалитетот Стоби.
Дефинитивно е место кое треба да се испромовира подобро и посетителите да можат да уживаат во богата историја, но и прекрасните пејзажи кои се протегаат до каде што очите ни допираат.
Оттаму, нормално по целодневната авантура, не можевме, а да не појдеме и до градот Штип, каде денот го заокруживме со по една штипска пастрмајлија.
Оваа мала авантура низ Македонија дефинитивно топло ви ја препорачувам.
Македонија има тон убавини, само треба да имаме желба да ги истражиме.
Прочитајте и „Бев во прекрасното село Кожле и чичко Стојан ми ја раскажа приказната за авантуристичкиот Стојанов мост“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело