„Бев на 7-дневно крстарење со најголемиот крузер на светот – 10-те најголеми грешки што ги направив“
Непотребно носев формална облека
Не сакам формална облека, но знаев дека на крузерите има формални вечери. Па, спакував еден фустан за такви пригоди.
Но, сфатив дека кодексот за облекување не е воопшто строг и луѓето носеа секаква облека - од елегантни фустани до маички.
Сметам дека фустанот само ми зафаќаше место во куферот. Следниот пат, нема да носам нешто такво.
Испуштив неколку настани бидејќи не направив резервации навреме
На бродот имаше многу активност и ресторани, а во некои ресторани имаше и шоуа за кои требаше да се направив резервација преку апликацијата на Royal Caribbean.
Открив дека е многу тешко да се добие резервација на денот кога беа шоуата. Грешка беше што чекав до последен момент за да ги испланирам овие настани.
Следниот пат ќе си направам резервации што е можно порано.
Не требаше да резервирам маса во многу ресторани
Повеќето оброци, ужини и пијалаци на крузерите се вклучени во цената што ја плаќате. Но, на големи бродови како овој има десетина посебни ресторани за кои треба да се плати.
Јас закажав во вакви ресторани за секоја ноќ од патувањето.
Но, највкусната храна ја пробав во рестораните каде што храната беше платена со цената за патувањето.
Следниот пат ќе заштедам пари и ќе јадам од храната од „all-inclusive“ понудата.
Потрошив време за две екскурзии до плажа
На секое пристаниште, гостите можат да закажуваат екскурзии за кои треба да доплатат.
На две дестинации во Мексико закажав екскурзии кои вклучуваа неколку часа на плажа.
Првиот ден се релаксирав и уживав покрај најчистата вода што сум ја видела. Но вториот ден посакав да поминев повеќе време во истражување.
Следниот пат ќе одам на плажа само еднаш.
На враќање закажав ноќен лет, па чекав 14 часа на аеродром
Закажав ноќен лет бидејќи мислев дека е подобро да почекам на аеродромот, отколку да го испуштам летот до дома.
Но, дефинитивно погрешив – пристигнав на аеродромот во 9 часот наутро, а летот беше во 9 навечер. Потоа беше и одложен два часа.
Следниот пат ќе закажам лет попладне.
Спирова С. | Црнобело