Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дојранско Езеро - белег на македонската природа, риболовство и исцелителство

Дојранското Езеро е најмалото тектонско езеро во нашата држава со површина од 43 квадратни километри.

Dojransko-Ezero-beleg-na-makedonskata-priroda-ribolovstvo-i-iscelitelstvo 01 630x330.jpg

Максималната длабочина на езерото е 10 метри, но тоа не спречува голем дел од Македонците и туристите ширум светот своето прибежиште да го пронајдат токму таму.

Распространетоста на плевел и планктони на самата површина ги прават водите на езерото корисни за ревматизам, кожни и респираторни заболувања. 

Затоа, многумина од посетителите доаѓаат во овој дел исклучиво од одредена причина поврзана со нивното здравје.

Богатството од ендемски видови алги што живеат во Дојранско Езеро овозможуваат вдишување на јод, а нанесувањето од лековитата дојранска кал е од непроценлива вредност.

Оригиналниот и стар начин на риболов е нешто што го прави поинакво Дојранското Езеро. Се изведува со помош на корморани и други птици кои летаат над езерото, насочувајќи ги рибите во корпите каде што се собираат во огромни количини.

Рибниот потенцијал на езерото бил забележан дури и од таткото на историјата во 5 век п.н.е.

Според античкиот историчар Херодот езерото толку изобилувало со риби што ако навечер ставите празна корпа во водата, до утрото би била полна.

Запознавањето со старата риболовна традиција, дегустацијата на вкусната добро подготвена риба и уживањето во медитеранската клима е вистински предизвик да се посети овој брег на Дојранското Езеро.

Со сигурност, на овој југоисточен дел од Македонија можете да го почувствувате вистинскиот медитерански амбиент.

Во продолжение за вас издвоивме низа фотки на Инстаграм од прекрасниот дојрански брег:

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg