20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022
Можеби сонувате за одмор во Тајланд или некоја друга егзотична дестинација, но факт е дека на нашиот континент се наоѓаат некои од најубавите плажи во светот. А, ова најдобро го покажува листата на Lonely Planet со 20-те најубави европски плажи за оваа година.
Оние најпопуларните се полни во текот на сезоната, но има и многу диви плажи, речиси недопрени од луѓето, па се совршени ако сакате мир.
Во посеверните земји, како Норвешка, има и плажи кои можеби не се најпогодни за пливање и сончање, но нивниот уникатен изглед е доволен за да ве натера да ги видите и да уживате по нив.
20 плажи во Европа кои вреди да ги видите во 2022 - која е вашиот прв избор?
Haukland, Норвешка
Оваа плажа се наоѓа на Лофотенските Острови, а овде ќе имате можност да ја видите и поларната светлина во зимските месеци.
Во лето водата е постудена – најмногу 15 степени – но дури и да не влезете внатре, сепак ќе бидете воодушевени.
Cala Goloritzè, Италија
Плажата се наоѓа во градот Баунеј во областа Сардинија. Опкружена е со огромни карпи кои сигурно ќе ви го привлечат вниманието, особено највисоката чиј врв достигнува 148 метри.
West Beach, Шкотска
Сместена на мало островче во Шкотска, ова е една од најизолираните плажи во Европа.
Иако можеби не е најпогодна за сончање и пливање, ако уживате во прошетките на плажа, ова е совршената дестинација за вас.
Plage de Palombaggia, Франција
На францускиот остров Корзика можете да ја видите оваа плажа која е совршена за летен пикник.
Благодарение на кристално бистрата вода, ова е одлична локација за љубителите на нуркање.
Platja Illetes, Шпанија
Оваа плажа се наоѓа во близина на познатата Ибица, но изгледа како потполно друг свет.
Ова е малечка плажа која поради убавината постојано е полна со туристи во екот на сезоната.
Barafundle Bay, Велс
Уште една плажа што можеби не е најдобра за пливање и сончање, но одлична е за оние кои ги сакаат прошетките.
На плажата има остатоци и од стари градби кои ќе ја разгорат имагинацијата на љубителите на историјата.
Praia Arrifana, Португалија
Плажата се наоѓа во јужниот дел на Португалија и е опкружена со карпи и планини што ѝ даваат доза интимност.
И овде има урнатини од стари градби, а поради брановите, можете да начекате и бројни искусни сурфери.
Cala Macarella, Менорка
Ако некогаш одите на шпанскиот остров Менорка кој се наоѓа во Средоземното Море, осигурете се дека ќе ја видите оваа плажа.
Плажата е вид залив опкружен со карпи, а поради тиркизната вода ова е навистина популарно место.
Navagio, Грција
Легендарната плажа на грчкиот остров Закинтос е една од најуникатните во Грција.
Сместена помеѓу огромни карпи, плажата е примамлива дестинација за бројни туристи. Овде има и стар брод што ѝ дава уште поуникатен изгледа на плажата.
Platha des Coll Baix, Мајорка
Бидејќи е делумно отсечена од копното поради карпите, најлесниот начин да стигнете до оваа плажа е со брод.
Ова е всушност дива плажа, но многу посетена, па најдобро е да одите многу рано наутро за да си фатите место.