Скриени богатства, сокачиња и спој на култура и уметност: Eдинствената убавина на центарот на Нови Сад и Петроварадинската тврдина

Во секој град центарот зрачи со некоја своја едиствена убавина, но за многумина новосадскиот центар на градот покрај грациозноста, полн е со скриени богатства, криви сокачиња, места за состаноци на култура и нации, боеми и уметници.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-01.jpg

Центарот на Нови Сад зрачи со палати и културно-историски споменици. Со својата преубава архитектура, бројни стилови и интересни детали, ги фасцинира сите минувачи.

Срцето на Нови Сад отсекогаш е главниот плоштад, односно Плоштадот Слобода. Тука е секогаш живо, бидејќи е место за состаноци на вљубени парови, пријатели, детски жагор, а заграден со бројни палати, Римокатоличката црква, хотелот со најдолг стаж во Нови Сад, место од каде многумина носат и фото спомени.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-07.jpg

На просторот на поширокиот центар, на туристите кои го посетуваат нашиот град и му се враќаат, интерсно им е тоа што од секоја улица што води до пешачката зона до центарот на градот се гледаат куполите на Синагогата, Грчкокатоличката црква, Евангелистичката црква, Православната црква, Римокатоличката црква.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-05.jpg

Од другата страна на Дунав, се наоѓа неофицијално една од најкомплексните, најголемите и најдобро очувани тврдини на Европа, Петроварадинска тврдина.

Таа е ремек дело на воената архитектура која е ѕидана скоро еден век. Најдобрите воени фортификатори, на едно од тогашните најголеми европски царства – австриското, се натпреварувале кој ќе ја направи поголема, поцврста и потешка за освојување, а тоа што е најголемо чудо на тврдината, се лагуните кои се протегаат со километри под Тврдината.

Tврдината може да се набљудува и како место за многубројни, светски фестивали. Пред сè фестивалот EXIT на кој гостувале многубројни ѕвезди: Karl Kox, The Prodigy, Sabaton, Snoop Dogg, David Guetta, The Killers, Guns N' Roses, Nina Kraviz, додека во истиот летен период, овде се одржува и „Tamburica fest“.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-06.jpg

Некогашните топовски шупи и воени магацини денес чуваат богатства кои чекаат да ги откриете во многубројните уметнички атељеа. Токму на Петроварадинската тврдина се наоѓа една од најголемите ликовни колонии во Европа: сликари, вајари, музичати, сите се присутни. Како своевиден скапоцен камен, се истакнува познатото „Atelje 61“. Настанало 1961-ва година, како обид да се сочува уметноста на ткаење и изработка на таписерии, што го прави единствено во овој дел од светот.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-02.jpg

Tврдината е единствена и по подземните воени галерии, кои можете да ги посетите, но само ако се упатите во Музејот на град Нови Сад каде ќе имате можност да откриете уште многу интересни работи за историјата на градот и тврдината. Додека откривате некоја од убавините на центарот или тврдината, сигурно ќе имате прилика да се најдете во центарот на настаните на некоја од бројните манифестации што ве очекуваат оваа година во Европската престолнина на културата.

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-04.jpg

skrieni-bogatstva-sokachinja-i-spoj-na-kultura-i-umetnost-edinstvenata-ubavina-na-centarot-na-novi-sad-i-petrovaradinskata-tvrdina-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg