Пролет во културната престолнина на Европа

Природно, пролетта кај сите нас буди нова енергија, полет, радост. Ако радоста е дополнета со мирисот на фрушкогорската липа, отсјајот на сонцето на површината на Дунав, фестивалските поворки на Змејските детски игри или аплаузот што се слуша од Стеријиниот театар, тогаш тоа е најдобрата пролет што можете да си ја допуштите. Бидејќи таа е единствена и секогаш различна, новосадска пролет.

prolet-vo-kulturnata-prestolnica-na-evropa-001.jpg

Во текот на оваа година, кога Нови Сад е културна престолнина на Европа, нè очекуваат бројни настани, програми, а пред сè фестивали. Во текот на пролетната програма, Иднината на Европа, обрнете внимание на бројните програми за млади, како „Растење во Градот на културата“, интересни изложби, театарски гостувања и циркуски точки.

Oваа година весниците на пролетта во Нови Сад ќе „втрчаат“ со Новосадскиот полумаратон, ќе прошетаат по пистата на „Serbia Fashion Week“ и по сцената на Стеријин театар, ќе посетат неколку новосадски ноќни базари, ќе го посетат најголемиот саемски настан во Србија – Земјоделскиот саем и ќе бидат дел од трката со велосипеди за рекреативци на првиот натпревар „Tour De Fruška“, па и на планинарскиот маратон на Фрушка Гора.

prolet-vo-kulturnata-prestolnina-na-evropa-02.jpg

Во Нови Сад, пролетта традиционално се испраќа со весела фестивалска поворка со мали деца во текот на Змејските детски игри, а летото традиционално го започнуваме со чаша вино и звуци на џез нa плоштадот Слобода кога се одржува „Interfest“.

И така, маѓепсани од мирисот на липите од Фрушка Гора и веселата фестивалска атмосфера, можете да изберете од некој од бројните салаши, чарди или ресторани, како место на разделба со Нови Сад. Овде, накратко пробајте некои од најдобрите салашки специјалитети како „Попај салата“, свеж зеленчук, младо сирење и сè она што ја краси пролетната трпеза.

prolet-vo-kulturnata-prestolnina-na-evropa-04.jpg

Oва може да биде единствена можност да пробате некое од фрушкогорските вина кaкo што се сила, неопланта, сланкаменка, мерло, португизер, а аусбрух или бермет се посебно интересни сорти за љубителите на десертни вина.

prolet-vo-kulturnata-prestolnina-na-evropa-03.jpg

По пристигнувањето во Нови Сад, посетете го инфо центарот на Туристичката организација на градот Нови Сад на плоштадот Слобода или кај железничката станица, земете некоја од бројните бесплатни брошури и започнете ја својата авантура во овој шармантен град во Војводина и со нашите предлози креирајте го својот пролетен викенд во Нови Сад и околината.

prolet-vo-kulturnata-prestolnina-na-evropa-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg