Зошто Нови Сад треба да биде вашата следна дестинација за патување?

Втор по големина во Србија, чист и среден град со пријателски настроени луѓе, кој изобилува со историски градби, неверојатна архитектура, културни настани, пејзажи какви не сте виделе и голем број винарии за љубителите на пијалакот на боговите – зошто да го посетите прекрасниот Нови Сад и како да си го организирате патувањето?

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-01.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-08.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Градот кој важи за еден од најубавите, лежи на брегот на реката Дунав, со поглед кон северните падини на планината Фрушка Гора и освен што нуди бројни природни убавини и историски наоѓалишта, исто така е и центар на српската култура, уште од формирањето во 1694-та година.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-07.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Под слоганот „За нови мостови“, Нови Сад ја носи титулата „европска престолнина на културата за 2022“, проект за кој се имплементирани бројни програми за зајакнување на културната сцена во градот.

Проектот се состои од организација на низа културни случувања, кои се одвивале на четири програмски мостови и осум лакови. Програмските мостови ги носат имињата Виножито, Слобода, Љубов и надеж, а се именувани по мостови во Нови Сад.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-08-22.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Нови Сад е на 528km оддалеченост од Скопје, но секој поминат километар вреди за искуството.

Зошто треба да го одберете за следна дестинација и каде треба да прошетате?

Петроварадинска тврдина

Позната и како „Гибралтар на Дунав“, ова е една од најголемите и најкомплексни тврдини во Европа, кое е ремек-дело на воената архитектура од 17-ти век, а е најпосетуваната туристичка атракција во градот.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-17.JPGфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-15.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Новосадска синагога

Една од четирите синагоги кои постојат во Србија се наоѓа на Еврејската улица во градот, а е градена во периодот од 1906 до 1909 година.

Новосадската синагога е една од најубавите градби, која служела како собирен центар за Евреите пред да бидат испратени во логорот на смртта, а сега е културно-историски симбол од важно значење.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-03.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Епископски дворец (Владичански двор)

Епископскиот дворец во Нови Сад е една од поубавите градби во градот, кое се смета за културно наследство, а со фасадата и уникатната архитектура привлекува погледи од минувачите.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-02.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Фрушка Гора и винарско искуство

Национален парк и планина, која во најголем дел се наоѓа во Војводина, каде е заштитено природното и шумско богатство.

Освен природа која изобилува, во националниот парк се наоѓа и комплекс на српски православни манастири, а Фрушка Гора е и подрачје на добро вино, со оглед на тоа што лозарството е многу развиено.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-09.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Доколку сте љубител на пијалакот на боговите и сакате да отпатувате по винските патеки, во некоја од винариите, погледнете ги понудите од Туристичката организација на Нови Сад ТУКА.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-10.JPGфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-11.JPGфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-12.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Дунавски парк

Уште еден симбол на градот, кој е заштитен како споменик на природата, а е формиран во 1895-та година – урбаниот парк со поглед на езерце, изобилува со широк спектар на бои, дрвја и украсни растенија, покрај кои може да прошетате, но и да одморите од градски метеж.

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-04.JPGфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-14.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Плажи покрај Дунав, манастири, музеи, галерии, историски градби, културни настани, вкусна храна - Нови Сад има да понуди уште многу атракции и доживувања, но доколку немате време за подолго патување, ви предлагаме да го искористите првиот слободен викенд, а ТУКА погледнете ја подетално понудата за тридневно патување и што треба да посетите во секој од тие денови за да го искусите градот.

Доколку сакате подетално да разгледате 64 предлози како квалитетно да го поминете времето во Нови Сад и кои атракции да ги посетите зависно од месецот во кој патувате, продолжете ТУКА

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-18.jpgфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-13.jpgфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-19.jpgфото: Александар Милутиновиќ

zoshto-novi-sad-treba-da-bide-vashata-sledna-destinacija-za-patuvanje-20.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Во продолжение уште неколку видеа кои ќе ве натераат веднаш да посакате да го посетите и искусите Нови Сад:

Би можело да ве интересира:

„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg