Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Листа на чекање за влез во Ширакава – идилично село, дом на сламени покриви (фото)

Солидарноста е она што им помага на мештаните во ова уникатно мало место да ги надминат суровите зими.

Shirakava-dom-na-slameni-pokrivi-01.jpg

Ширакава е село сместено на јапонските Алпи, а е популарно насекаде низ светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат карактеристичните куќи со коси покриви.

Скриено помеѓу високи планини и густи шуми, освен по прекрасната природа, Ширакава е мошне карактеристично и по традиционалните куќи.

Тие се нарекуваат „гасо-зукури“, препознатливи по сламените покриви кои потсетуваат на склопени раце во молитва.

На секои 20 години, неопходно е да се замени сламата на покривите, па не е невообичаено да се видат Јапонците со полни раце работа со цел куќичките да ги издржат студените зими со многу врнежи.

Во раните 1990-ти, ова село од бајките беше впишано на списокот на светско наследство на УНЕСКО, што доведе до нагло зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители, годишно пречекува околу 2,15 милиони туристи од целиот свет.

Меѓутоа, во 2019 година, властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи. Веќе следната година, Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на списокот на најбарани дестинации за посета во светот.

Покрај живеењето во хармонија со природата и избегнување на масовниот туризам, особено се пофалени строгите мерки за заштита од пожари во јапонското село.

Покрај тоа, во селото е забрането пушење за да се спречат несреќи.

Погледнете како изгледа јапонската идила Ширакава со сламени покриви, за која има листа на чекање за посета:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg