Рајскиот егејски остров - Тасос

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-povekjeГо нарекуваат „Зелениот дијамант“  заради својата раскошна убавина и зеленило или уште во митологијата е познат како „Островот на сирените“.


Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот Архипелаг кои велат дека плени со својата убавина уште на прв поглед. Ако сакате убави плажи, прошетки, грчка храна и вино, романтика, забава - ова е вистинското место за вас.

Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив.

За нас е голема предност што ова е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје). Траект може да фатите од Кавала или Керамоти и ќе ве чини од прилика 30 евра за двајца во еден правец.

Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот. Ќе ве воодушеват боровите шуми, чистиот воздух и кристално чистото море.

Кои се плажите што задолжително мора да ги посетите:

1. Плажата Golden Beach.  Важи за една од најубавите плажи во Европа. Ситен песок и кристално море во северниот дел на Тасос.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-1

2. Плажата Алики сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Овде имате можност да изнајмите шатори со лежалки и да уживате целодневно. Ова е една од плажите која важи за тренд сетерска и најчесто треба да отидете порано за да си фатите место.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-2

3. Paradise Beach. До плажата се стигнува по земјен пат, но верувајте дека вреди и да пропешачите. Овде често има бранови и е одлична за добра забава и трошење на негативната енергија. На плажата има ресторанче и кафуле. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-3

4. Saliara Beach или уште наречена е Мермерна плажа. Сместена е во посеверниот дел на островот. Патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-4

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-5

5. Псили Амос е плажа во јужниот дел на островот. Левиот дел од плажата има неверојатно мек песок, водата е за нијанса постудена од останатите плажи и дел со карпи каде можете да се сончате. Во сезона оваа плажа работи турбо – со музика и дневни забави.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-6

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-7

6. Трипити. Плажата е голема и широка. На десната страна е ситен песок, а кон средината има и каменчиња. Овде можете на мира вистински да уживате.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-8

7. Салоникиос. Се наоѓа во јужниот дел на островот. Има бар каде може да се забавувате од попладневните па се до раните утрински часови.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-9

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-10

Има уште многу што да се види на рајскиот остров. И уште еден куп плажи – Макријамос, Потос, Скала Мариа, Пачис, Глифонери, Шеќерната плажа или Атспас, Металија, Пефкари, Сан Антонио...и дефинитивно ќе ја најдете совршената плажа за вас.

Она што ви е потребно е мапа на островот, авантуристички дух и желба за уживање!

Споделете го вашето искуство ако веќе сте биле на Тасос!

Би можело да ве интересира:

TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Работилницата на Дедо Мраз“ во Трикала, Грција: Влезот е бесплатен, се стига за 5 часа со автомобил... Ако сакате да се „загубите“ во светот на Дедо Мраз и да уживате во празничната а...
14 дестинации во Европа погодни за меден месец во 2024 година Санторини е островскиот рај во Егејското море, па со оваа дестинација нема да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg