Локални жители споделуваат – работи што никако не смеете да ги правите како туристи во нивните држави
„Немојте да одите по велосипедските патеки во Холандија“.
„Немојте да го правите поздравот на Хитлер. Ни во Германија, ни во која било друга држава. На некои места е казниво“.
„Во Индија немојте да се ракувате или да подавате што било со левата рака. Поголемиот дел од населението е религиозно и ова се смета за неучтиво, па дури и нехигиенско“.
„Во Лондон немојте да ги задевате чуварите пред палатата“.
„Во Кина никогаш не излегувајте од дома без тоалетна или нешто слично. Во јавните тоалети никогаш нема тоалетна хартија“.
„Во Данска немојте да стоите или да одите по патеката за велосипеди. Во спротивно, велосипедистите ќе ви викаат, а може и да ве удри некој“.
„Во Финска немојте многу да им се приближувате на луѓето. Ние навистина си го цениме личниот простор“.
„Во Кореја, најстарата личност на масата треба прва да почне со јадење. Значи, не го ни допирајте приборот сè додека најстарата личност не почне да јаде“.
„Во Норвешка немојте да зборувате со никого на улица. Ова не е заради вашата безбедност, туку, едноставно, ние се плашиме кога ни зборуваат странци. Во Норвешка никој не зборува со непознати личности“.
„Ако одите на сафари во Африка, никогаш немојте да го напуштате возилото – вака настануваат приказните за туристи кои биле убиени од диви животни. Грижете се за вашата безбедност и почитувајте ги правилата“.
Спирова С. | Црнобело