Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Црното Езеро на Дурмитор (Црна Гора) – природен бисер кој мора да се посети барем еднаш во животот (фото)

Црното Езеро му припаѓа на општината Жабљак, во северниот дел на Црна Гора. Станува збор за глацијално езеро, сместено на планината Дурмитор, на надморска височина од 1416 метри.

Crnoto-Ezero-na-Durmitor-vo-Crna-Gora-01.jpg

Ова езеро главната туристичка атракција во регионот Дурмитор. Тоа е најголемото и најпознатото од 18 глацијални езера на планината. Езерото е лесно пристапно, а до него може да се стигне пеш од центарот на Жабљак.

Црното Езеро е место каде што вашата душа повторно ќе се поврзе со природата и умот и едноставно ќе се смири и одмори од напластениот стрес и секојдневните нервози.

Сместено во признаениот Национален парк од страна на УНЕСКО – Дурмитор, ова езеро ќе ве воодушеви со својот бајковит изглед. Вашите очи ќе лутаат низ бесконечната шума со борови дрвја и нивните спектакуларни рефлексии додека се отсликуваат езерото.

Може да испланирате еднодневна авантура со планински велосипедизам, пешачење околу езерото или да пливате во него.

Секој од нас треба барем еднаш во животот да ја посети оваа вонсериска природна убавина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg