„Турата од 600 денари со брод од Охрид до Свети Наум ми е едно од најубавите искуства во Македонија - топло го препорачувам“

Манастирот Свети Наум, спој на природата, историјата и религијата

Крајната дестинација на ова еднодневно крстарење е манастирскиот комплекс Свети Наум каде извира реката Црни Дрим. Изворите се прав мал зелен рај со кристална вода, чиниш кајчињата лебдат на неа. А таа толку е ледена, што ни минута не издржав.

brodkolaz6.jpg

Бродот останува закотвен три часа, а тоа е доволно за да се посети стариот манастирски комплекс, да се пробаат охридските деликатеси во одличните ресторани со прекрасен поглед на изворите или пак за релаксација на плажата со ледена и чиста вода и ситни каменчиња.

Секако, има и многу тезги кои го нудат најубавото од Охрид, бисерот, па затоа не заборавајте да се почестите себеси или саканата со пар обетки или белегзија.

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -03.jpg

Манастирот посветен на светецот Наум Чудотворец е изграден на самата карпа која гордо се издигнува на езерото, а во него се моштите на големиот просветител. Манастирскиот комплекс во чиј склоп имам неколку помали цркви воодушевува не само со својата убавина, туку и духовната мир, историјата и божествената природа, како мало парче рај на земјата, вгнезден меѓу планината Галичица и Охридското езеро.

Овој манастир со корени уште од далечната 900-та година е заштитник на болните, посебно душевно болните, а според некои приказни што старите ги раскажуваат, на ова свето и убаво место, чуда се случувале. Многумина веруваат дека кога ќе го ставите увото на гробот на светецот ќе го слушнете биењето на неговото срце.

brodkolaz7.jpg

Ако сте љубител на историјата и културата во комбинација со прекрасните охридски пејзажи тогаш ова крстарење е вистинскиот избор за Вас. Јас за него дефинитивно ќе раскажувам на другарите од целиот свет. Во Македонија навистина има што да се види и почувствува.

brodkolaz2.jpg

Во тие неколку часа ќе го доживеете Охрид на поинаков начин, далеку од туристите, чаршискиот метеж и забавите на познатите плажи, ќе запознаете еден културно и историски богат Охрид со божествена убавина.

На ова кратко бродско патешествие ваши сопатници ќе бидат белите галеби кои љубопитно го следат бродот низ езерската шир која ја пресликува убавината на старите карпи од крајбрежјето.

brodkolaz5.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -02.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -05.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -06.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -04.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -17.jpg

edno-poinakvo-dozivuvanje-krstarenje-od-ohridskoto-pristanishte-do-sveti-naum  -18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: И. Ј.



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg