Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 филмски атракции во Њујорк

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-povekjeВо Њујорк снимени се повеќе од стотина филмови и серии. Еве ви шанса да ги запознаете петте најважни места во Њујорк преку филмовите кои...


...на овие локации се снимани.

Ова се дел од локациите во Големото јаболко кои се речиси неизбежни како за посетителите, така и за филмаџиите:

1. The Adjustment Bureau – мостот Бруклин

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-1

Мостот кој ги поврзува Бруклин и Менхетен е еден од најголемите Њујоркшки симболи. Прошетката преку мостот овозможува одличен поглед на облакодерите и Њујоркшкиот финансиски центар, но не е за занемарување и самата конструкција на мостот кој е довршен далечната 1883 година. Долг е 1.825 метри, а преку него секој ден поминуваат околу 150.000 автомобили. Средишниот дел на мостот е резервиран за пешаци и велосипедисти.

2.  I Legend – Вашингтон Сквер Парк

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-2

Вил Смит во овој филм времето го поминува во паркот Вашингтон, кој се наоѓа во склоп на прекрасниот Гринвич Вилиџ. Паркот е од неодамна обновен за вртоглави $16 милиони долари. Најголем дел од зградите околу него му припаѓаат на Њујоркшкиот универзитет, а посебна атракција е триумфалниот лак изграден во чест на Џорџ Вашингтон. Паркот е средиште на културни збиднувања и омилено собиралиште на младите.

3. Умри машки 3 (Die Hard 3) – Централ Парк

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-3

Во Централ Парк снимени се преку стотина големи филмски сцени, а меѓу попознатите секако е оној во кој Брус Вилис прелетува со такси низ паркот како би стигнал до целта и би го спасил светот. Сепак, „белите дробови на Њујорк“ не се наменети за автомобилски трки, туку за спортски активности, концерти и мирни прошетки. Доколку имате време, истражете го помалку познатиот северен дел од оваа зелена оаза.

4. Црниот Лебед (Black Swan) – Линколн центарот

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-4

Иако поголемиот дел од сцените во оскаровецот Црниот Лебед се одвиваат помеѓу четирите ѕида на салата за балет, не се за потценување ни сцените снимени на отворено. Во склоп на Линколн центарот сместени се културни институции како операта Metropolitan, но и голем број други мали и големи театри и концертни сали. Шеталиштето и фасадата се исто така неодамна обновени.

5. Истерувачи на духови 2 (Ghostbusters 2) – Кипот на слободата

5-filmski-atrakcii-vo-njujork-5

Разгледувањето на Њујорк не би било комплетно без посета на Кипот на слободата. Lady Liberty стои на истото место од 1886 година, а туристите можат да го разгледаат со тури со ботчиња. До 2012 година влезот во внатрешноста на кипот нема да биде дозволен поради реновирање.

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...
Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg