Културен туризам – Нови Сад, Европска престолнина на културата за 2022 година
Велат дека постојат два вида на луѓе: оние кои се вљубени во Нови Сад и оние кои сè уште не го посетиле.
City center night photo V.Velickovic
Градот на Дунав, градот на европската историја и традиција и балканското гостопримство е искуство што не смее да се пропушти, а бројните и разновидни туристички атракции секогаш го привлекувале вниманието на љубителите на патувањата, новите искуства, култури, природа, вина и богати гастрономски понуди.
Нови Сад знае како се негува нематеријалното наследство - тоа првенствено се однесува на начинот на живот и гостопримливост на локалните жители, како и на историјата и материјалните остатоци што им се достапни на посетителите на културните институции низ градот.
Petrovaradin photo V.Velickovic
Матица Српска, Музејот на град Нови Сад, Музејот на Војводина, Музејот на современа уметност на Војводина, Плоштад галерии со три галерии или Синагогата се само некои од зградите и местата што сигурно можат да го заинтригираат секој посетител.
Овој прекрасен барокен град, лауреат на титулата Европска престолнина на културата 2022 година, во својата веќе богата културна понуда од неодамна внесе и нови простори, тнр. културни станици.
Културните станици се една од најважните легати на проектот Нови Сад 2022 - Eвропска престолнина на културата. Овие простори се наоѓаат на локации надвор од центарот на Нови Сад и се потпираат на идејата за децентрализација на културата.
City center photo Jelena Ivanovic
Се засноваат на принципите на партиципација на граѓаните и отвореноста кон создавачите во областа на културата.
Воглавно се надвор од центарот на градот.
Меѓу нив особено се издвојуваат:
1. Свилара (поранешна фабрика за свила и симбол на индустриското наследство во Нови Сад)
Cultural Station Svilara photo V.Velickovic
2. Еѓшег (прекрасна зграда од XIX век наменета за одржување на настапи, камерни концерти, изложби)
3. Руменкa (се наоѓа во автентична војводинска населба во близина на Нови Сад, во поранешниот културен центар)
4. Oпенс (прв објект на уникатната културна четврт во овој дел на Европа, создаден во областа на старите фабрики, претставен како добар пример за современа архитектура во Војводина на гостинска изложба во Љубљана)
Ballet Music School and the Concert Hall photo V.Velickovic
Нови Сад е меѓу првите градови надвор од Европската унија што е прогласен за европска престолнина на културата и со тоа стана еден од 60-те градови што ја добија оваа титула, негувајќи богатство на разновидност и интеркултурализам.
Zezelj Bridge photo V.Velickovic