Порто Тимони на Крф, малечка плажа со величествен поглед (фото)
Кога се зборува за најубавите плажи на Крф, Порто Тимони е местото за коешто ќе им раскажувате на пријателите.
Лоцирана на само дваесет минути пешачење од селото Афионас, Порто Тимони е една од најубавите плажи на Крф. Погледот е апсолутно величествен. Местото е недопрена убавина, со бујна вегетација и кристално чисто море.
Порто Тимони е плажа која ја прегрнуваат околните планини, а кога ќе ја искусите оваа убавина со своите очи, несомнено ќе сакате и вие да ја гушнете и никогаш да не си заминете од неа.
Погледнете како изгледа волшебната Порто Тимони на Крф:
https://www.instagram.com/p/CQY_Go_ptYA/
https://www.instagram.com/p/CQWAqb2hbzh/
https://www.instagram.com/p/CQShFL0DSCS/
https://www.instagram.com/p/CQNhNDbLp20/
(О)Милена | Црнобело