8 антички градови кои треба да ги ставите на вашиот список на дестинации од соништата

Со душа чекавме да заврши пандемијата, за да можеме да го наполниме пасошот со печати како што отсекогаш сме посакувале. 

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata-01.jpg

Можеби сте обожаватели на градови со интересна архитектура. За вас имаме 8 неверојатни антички дестинации каде што зградите стојат стотици (ако не и илјадници) години.

Од Помпеја до Анкор Ват, овие древни градови вреди да се додадат на вашиот список на дестинации од соништата:

Тиванаку, Боливија

Во близина на езерото Титикака во Западна Боливија, сè уште стои предколумбискиот град Тиванаку изграден околу 500-тата година.

Впуштете се во истражување на неговите антички храмови, вклучително и пирамидата со песочник Акапана која е висока околу 18 метри.

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata-02.jpg

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata (1).jpg

Рим, Италија

Основан од близнаците Ромул и Рем во 753 година пр.н.е., Рим е на првото место на античките градови затоа што – сите патишта водат кон италијанската престолнина.

Градот исто така ги комбинира најдобрите од старите градби (Колосеумот, Пантеонот и Римскиот форум) како и новите архитектонски зданија (претстојниот Институт за истражување Караваџо).

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata-03.jpg

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata (2).jpg

Чокекирао, Перу

Високо на Андите, Чокекирао е изгубен, камен град на врвот, сличен на Мачу Пикчу, но во голема мера неоткриен. Всушност, археолозите открија само 30% од него, бидејќи областа е прилично оддалечена.

Посетите ретко надминуваат 30 луѓе на ден (во споредба со 2.500 днево на Мачу Пикчу).

Плановите за туристичка жичарница се во фаза на работа, што значи дека античкиот град нема да остане недопрен уште многу долго.

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata-04.jpg

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata (3).jpg

Помпеја, Италија

Помпеја комбинира антички локалитети како урнатините на Скави ди Помпеи и Стабијанските бањи, како и компаративно модерното светилиште на Мадона од 1901 година.

Многуте активности вклучуваат прошетки со дегустација на вино низ лозја како Кастина дел Везувио во подножјето на планината Везув.

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata-05.jpg

8-anticki-gradovi-za-poseta-posle-pandemijata (4).jpg

Уште 4 дестинации на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg