Уникатна црквичка во Грција во стебло од даб: Внатре може да влезат само двајца

Во грчкото село Agia Varvara, на 22km од Коница во Епир, северозападна Грција, еден локален селанец решил да го искористи 300 години старото дабово дрво (кое било во опасност да падне) и да го пренамени во мала црквичка.

unikatna-crkvicka-vo-grcija-vo-steblo-od-dab-vnatre-mozhe-da-vlezat-samo-dvajca-01.jpg

Реставрацијата на стеблото била направена во 2019 година и се состоела првенствено од стабилизирање на истото со локални камења.

unikatna-crkvicka-vo-grcija-vo-steblo-od-dab-vnatre-mozhe-da-vlezat-samo-dvajca-05.png

unikatna-crkvicka-vo-grcija-vo-steblo-od-dab-vnatre-mozhe-da-vlezat-samo-dvajca-03 (1).jpg

Висината е 2m и 10cm, а истата е наречена Св.Песиос по светецот од планината Атос (на грчки: Ὅσιος Παΐσιος ὁ Ἁγιορείτης). Светецот бил роден во 1924 година во Кападокија, денешна Турција. Неговото семејство било преселено во Коница каде што тој пораснал и се школувал за столар.

На свои 16 години заминува да се замонаши на Атос, но бидејќи семејството имало потреба од помош, се вратил назад во селото. Монах станува дури во 1956 година.

unikatna-crkvicka-vo-grcija-vo-steblo-od-dab-vnatre-mozhe-da-vlezat-samo-dvajca-10.jpg

Црквата во дрво има дури и ѕвоно за камбана, а внатре има простор само за двајца.

Е. П. | Црнобело / фото извор

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg