7 уредени ски патеки на 1.744m н.в. - на скијање на Голија, во близина на Ивањица во Србија

(Комерцијален текст) Интересните доживувања од семејните патувања остануваат како драгоцени сеќавања на вашите најмили и со години се прераскажуваат со ист жар. Покрај неколку големи скијачки центри, Србија може да ви понуди и помали, но подеднакво шармантни дестинации за зимски одмор со семејството – Гоч, Дивчибаре, Златар и Голија.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-01.jpgфото: Dragan Bosnić

Покрај сето она што го нудат зимските спортови, ќе уживате во природните убавини, културно-историските знаменитости и во надалеку познатата трпеза.

Паркот на природата ГОЛИЈА е планина позната по питомоста, по богатите и практично недопрени шуми поради што е прогласена за резерват на биосферата Голија – Студеница под заштита на УНЕСКО.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-02.JPGфото: M. Ostojić

Голија, оддалечена 32 км од Ивањица, е соодветна за скијање бидејќи зимите изобилуваат со снег што може да се задржи и до јуни, а патеките се секогаш добро уредени. Ски-центарот „Одвраќеница“ е сместен на 1.744 метри надморска височина и располага со седум патеки, кои со својата конфигурација се соодветни како за почетниците, така и за рекреативците. 

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-03.jpgGolija, Dajićko ezero foto: M. Ostojić

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-04.JPGGolija, Dajićko ezero foto: M. Ostojić

На оние што сакаат да шетаат и да одржуваат кондиција на располагање им е патеката на здравјето, како и јасно обележаната планинска патека, со должина од 9 км што води директно до врвот, до Јанков камен.

Оваа планина во југозападниот дел на Србија во себе чува исклучителна убавина на природата, но и на уметноста. Манастирот Студеница од 12 век, исто така, на листата на УНЕСКО, бил центар на српската средновековна држава, а неговите фрески претставуваат еден од најубавите примери на монументалното византиско сликарство.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-05.JPGGolija, put preko brdo, Odvdraćenica, foto: M. Ostojić

Манастирот Градац од 13 век е задужбина на српската принцеза Јелена Анжујска, која во себе ги спојува особините на византиската и романичката уметност.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-07.jpgIvanjica centar, foto: M. Ostojić

Кога ќе се изморите од скијање, во самото место Ивањица посетете ги „старата чаршија“ со хидроцентрала од 1911 година, споменикот на револуцијата, камениот мост од 1904-1906 година – најголемиот еднолачен мост на Балканот, црквата „Св. цар Константин и царица Елена“.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-06.JPGStari kameni most Ivanjica, foto: M. Ostojić

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-08.JPGSneg u Ivanjici, foto: M. Ostojić

По лекциите по историја и уметност со вашите деца појдете во Хаџи – Продановата пештера што е уредена за посетителите.

По рекреацијата и игрите на снег вас и вашите деца ќе ве стопли некое од јадењата од прочуениот ивањички компир.

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-10.JPG
Ivanjica reka Moravica, foto: M. Ostojić

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-srbija-12.JPGIvanjica Gradski park, foto: M. Ostojić

За повеќе информации посетете ја веб страната: www.serbia.travel и https://ivatourism.org/sr/Патувај одговорно! #seeserbia

7-uredeni-ski-pateki-na-1744m-n-v-na-skijanje-na-golija-vo-blzina-na-ivanjica-srbija013.jpg

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg