Патеки за алпско скијање и прекрасни природни убавини - зимување на Златар, Србија

Интересните доживувања од семејните патувања остануваат како драгоцени сеќавања на вашите најмили и со години се прераскажуваат со ист жар.

Покрај неколку големи скијачки центри, Србија може да ви понуди и помали, но подеднакво шармантни дестинации за зимски одмор со семејството – ГочДивчибаре, Златар и Голија. Покрај сето она што го нудат зимските спортови, ќе уживате во природните убавини, културно-историските знаменитости и во надалеку познатата трпеза.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija-01.jpgфото: Туристичка организација Златар

Планината ЗЛАТАР е сместена во западниот дел на Србија, помеѓу реките Лим, Увац, Милешевка и Бистрица. Поради комбинацијата на медитеранска и планинска клима, голем број сончеви денови, како и планински воздух прогласена е за воздушна бања.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija01.jpgфото: Туристичка организација Златар

Посетителите на Златар во зима ги очекуваат уредени патеки за алпско скијање во должина од околу 3 км, опремени со жичарници и приспособени за сите скијачи. Ски-патеката „Златар – 1“ се спушта до самиот центар на Нова Варош, долга е околу 1.300 м и по целата должина е опремена со систем за вештачко оснежување. Патеката е осветлена, па во текот на сезоната се организира ноќно скијање, што претставува посебна атракција за љубителите на белиот спорт. По своите карактеристики е наменета за подобри скијачи. Ски-патеката „Златар – 2“ е долга околу 800 м и идеална е за барањата на рекреативците и на оние што завршиле училиште за скијање.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija03.jpgфото: Туристичка организација Златар

Посебна атракција на оваа планина претставува кањонот на рекава Увац, кој се истакнува со своите специфични меандри, видиковци и можности за активности на вода. Тука се населува и реликтниот вид птица, единствен во овој дел на Европа – белоглавиот мршојадец.

Златарскиот крај се одликува со голем број пештери, меѓу кои најатрактивна е Ледена пештера, која заедно со Ушачката сочинува еден од најинтересните спелеолошки објекти во Србија – единствен пештерски систем долг повеќе илјади метри, со голем број сали и пештерски украси.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija05.jpgфото: Туристичка организација Златар

Златар ве плени со своето културно-историско наследство, со спојот на православната и исламската вероисповед и култура. На мал простор можете да се запознаете со остатоците од тврдината, со црквата од средниот век во селото Бистрица, со џамијата од 19 век во Нова Варош и со зградата на библиотеката, која е изградена како управна зграда.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija07.jpgфото: Туристичка организација Златар

Богатото етнографско наследство на златарскиот крај можете да го доживеете во Роднокрајниот музеј во Нова Варош. Долгото и бурно минато, богатиот развој на трговијата и занаетчиството, стопанството, образованието и културата ќе станат дел од вашиот одмор и спомените од Златар.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija06.jpgфото: Туристичка организација Златар

Кога зборуваме за специфичностите на овој крај, секако не смееме да ја заборавиме гастрономијата како важно обележје на една дестинација. Особините на поднебјето, надморската височина, водата, воздухот, сето тоа придонесува кон посебниот вкус и мирис на познатото златарско сирење.

pateki-za-alpsko-skijanje-i-prekrasni-prirodni-ubavini-zimuvanje-na-zlatar-srbija08.jpgфото: Туристичка организација Златар

Тука се и специјалитетите, како што е пита од хелда, сирење, пиперка во павлака, качамак, јагнешко во кајмак со ракија од домашна слива и круша. Секако, нешто е за цело семејство, а нешто само за родителите!

За повеќе информации посетете ја веб страната: www.serbia.travel и www.zlatar.org.rs. Патувај одговорно! #seeserbia

na-skijanje-vo-srbija-destinacija-goch-na-padinite-kon-vrnjacka-banja-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg