Шармантна дестинација за зимски одмор и скијање: Дивчибаре во Србија
(Комерцијален текст) Покрај неколку големи скијачки центри, Србија може да ви понуди и помали, но подеднакво шармантни дестинации за зимски одмор со семејството – Гоч, Дивчибаре, Златар и Голија.
фото: Мiroslav Јeremić, Мarko Terzić
Туристичкиот центар ДИВЧИБАРЕ на планината Маљен, на 980 метри надморска височина, е вистинско место за активен одмор и за љубителите на скијањето. Од Белград е оддалечен 120 км, а од блиското Ваљево 38 км. Во текот на годината од три до четири месеци снегот ги покрива околните врвови и благите превалци.
Од Белград е оддалечен 120 км, а од блиското Ваљево 38 км. Во текот на годината од три до четири месеци снегот ги покрива околните врвови и благите превалци.
фото: Мiroslav Јeremić, Мarko Terzić
На Дивчибаре има две патеки за скијање и тоа „Црн врв“, која е наменета за вештите скијачи, а патеката „Центар“ е наменета за оние што ги прават првите чекори на снег. На патеката „Црн врв“, долга 850 м, воведен е систем за оснежување што обезбедува одлични услови за скијање.
Ски-патеката „Центар“ се протега на северните падини на Црн Врв во должина од околу 600 м. На патеката има училиште за скијање, можност за најмување ски-опрема и кафе-бар на отворено. Посебно е интересно ноќното скијање. За најмладите тука се патеките за санкање, а по денот поминат на снег може да посетите некој од рестораните и да се поткрепите со домашни специјалитети.
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
Во близина на Дивчибаре се наоѓа Ваљево, град со богата историја, култура и традиција. Модерен град со зачувани споменици на културата, со зградата на Народниот музеј и Ваљевската гимназија, галерии, пешачки зони, стари трговски улици, голем број споменици, со уреден кеј на реката Колубара.
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
Денес Тешњар е единствена градска целина од 19 век во Србија. Сместен покрај брегот на реката Колубара ги илустрира економските услови на времето во кое настанал овој дел на градот.
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
Калдрмата, конструкцијата од дрвени греди и цвеќињата ве воведуваат во атмосферата на некое друго време. И возрасните и децата ќе ги привле чат старите занаети што може тука да се видат: ткајачки, грнчарски, чевларски, свеќарски, лицидерски... Уште ако му дадете на вашето дете да проба лицидерско срце, засекогаш ќе го помни Ваљево!
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
Дел од вашето време посветете го на посетата на Народниот музеј Ваљево за дополнително запознавање со културата и традицијата, а ако брзате и се враќате на снег имате можност за виртуелен музеј.
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
Ваљево, фото: Vladimir Bajić
За повеќе информации посетете ја веб страната: www.serbia.travel и http://tov.rs/. Патувај одговорно! #seeserbia
Ваљево, фото: Vladimir Bajić