Истражете ја Македонија: 4 предлог дестинации кои може да ги посетите викендов

Да не пререкнеме, но постепено може да си ја обезбедиме слободата што ни е потребна. Во најмала рака, викендите може да ги искористиме за патување. Макар мала екскурзија на десеттина километри од дома. До неодамна некако мислам дека сите бевме заглавени по дома, мрзоволно препуштајќи се на секојдневието.

malo razmrduvanje posle mracnite januari denovi zanimlivi lokacii niz makedonija 6

Сега е веќе поразлично, време е расположението и авантуристот во нас да почне да се буди. Нема што да одложуваме, сите имаме потреба да се споиме со чиста природа, да се надишеме чист воздух и како нови да се вратиме дома.

Еве, имаме викенд пред нас, па во случај ако сте од оние што не планираат да го поминат помеѓу четири ѕида, имате на располагање примамливи места за кои може да почнете да правите планови уште веднаш.

Ова ќе ми биде првпат во ваква статија да го посочам селото на моето детство, Јачинце. Помислата дека таму имаме семејна викендичка секогаш ми влева дополнителен спокој.

Се наоѓа на дваесеттина километри од Куманово и е поделено на две мали: Долно Јачинце, во долината на Крива Река - сега е ладно за капење, ама има навистина одлични места, посебно го издвојувам местото „карпа“, каде имате чувство дека се наоѓате во некое природно џакузи целосно одделено од цивилизација.

Второто маало е Горно Јачинце, во подножјето на планината Манговица. Природата го прави местото посебно, исто така ви го препорачувам и базенот за наводнување на ниви, кој освен што има спектакуларен поглед, ќе ви ја размрда фантазијата со приказните што кружат за него.

malo razmrduvanje posle mracnite januari denovi zanimlivi lokacii niz makedonija 4

Ако си од Куманово, можеби веќе ја имаш посетено спомен-костурницата на ридот Зебрњак и нема да ти биде интересно повторно да се најдеш таму.

Овој споменик има посебно значење за историјата и е издигнат во чест на загинатите српски војници во текот на Кумановската битка во Првата балканска војна во 1912.

Како и да е вреди се посети , иако ќе ти одземе максимум саат време со одморот на врвот од објектот кој е срушен на самиот почеток на Втората светска војна од страна на бугарскиот окупатор.

Можеби нема да ти е убав привид, но во внатрешните простории се сместени коските на загинатите војници, па проверете и самите.

malo razmrduvanje posle mracnite januari denovi zanimlivi lokacii niz makedonija 2

Сега малку да прошетаме и до друг крај на Македонија. Исто интересно место се и Пехчевските Водопади, онака добро скриени за да не може секој да ги види, ги има неколку во околината.

Едните се од реката Брегалница, а другите од Црн Дол, Љутачка Река и Спиковски Андак. Малку пешачење, а многу убавина на едно место.

malo razmrduvanje posle mracnite januari denovi zanimlivi lokacii niz makedonija 3

На списокот ќе го вметнам и Ченгино Кале (1 760 мнв), врв на Малешевските Планини, кој истовремено се смета за најисточна точка во Македонија.

Колку што ме држи сеќавањето, мислам дека само еднаш се имам качено таму. Знам дека прво ги посетивме изворите на Брегалница, па после низ шумите со старите вековни дрвја стигнавме до врвот каде нè изненадија со Бабина торта. Тогаш немав потреба од ништо друго. Беше навистина прекрасно.

malo razmrduvanje posle mracnite januari denovi zanimlivi lokacii niz makedonija 1

За кое место се одлучивете?

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg