Крчин – нереална, планинска убавина со ендемски вид на македонски каранфил (фото)
Крчин e планина која го маѓепсува окото на набљудувачот. Се протега во западниот дел на Македонија и дел во Албанија. Таа е природно продолжение на планината Дешат и претставува дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.
Планината е обилно покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува бука, а на прекрасниот Крчин расте ендемски вид на македонски каранфил кој може да се најде исклучиво само на оваа планина.
За искачување на врвот Голем Крчин се тргнува од селото Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Искачувањето може да трае повеќе часови и можеби ќе ви изгледа мачно, но она што ќе ве дочека таму брзо ќе ве натера да заборавите на „маките“.
Крчин е апсолутно нереална, планинска убавина, а фотките се повеќе од очигледен доказ: