Живот на -45 степени – Сибир изгледа волшебно во зимските месеци (фото)
Околу новогодишната ноќ, температурите во Сибир се спуштиле до -45 степени Целзиусови, а тамошните жители споделија навистина неверојатни фотографии.
Сите знаеме дека зимите во Русија, особено во Сибир, можат да бидат многу сурови. Овде средната годишна температура е -16,3 степени, а во зимските месеци може да се спушти и под -50 степени Целзиусови. Ние не сме навикнати ни на приближно толку ниски температури, но некои луѓе ги издржуваат без проблем.
Околу новогодишната ноќ, во некои области во Русија, вклучувајќи го и градот Новосибирск, температурата се спуштила до -45 степени Целзиусови и имало многу снег, па тамошните жители споделиле многу фотографии на социјалните мрежи.
Овој период градовите биле речиси празни бидејќи ретко кој може да издржи подолго на отворено на толкав студ, а наводно, поради ниските температури, повеќето луѓе не можеле ни да ги користат автомобилите.
Сепак, иако условите се сурови, сибирската област во Русија изгледа навистина волшебно овој период од годината.
Ако не верувате, погледне дел од фотографиите што ги споделиле тамошните жители на социјалните мрежи: