Фото-прошетка низ празната Keukenhof - најпознатата градина со лалиња во Холандија
Градината со лалиња Keukenhof се наоѓа во Холандија и се смета за една од најубавите во светот, па е речиси невозможно да ја видите празна.
Но, поради пандемијата, градината е затворена за посетители, и тоа првпат во 71 година.
Фотографот Алберт од Холандија целиот живот сонувал да ги фотографира леите во градината без други луѓе наоколу, па ова му се видело како совршена можност.
„Знаев дека ова ми е единствената можност. Ги контактирав од градината објаснувајќи им ја идејата и тие ми дозволија да фотографирам цел ден“, вели среќниот фотограф.
Фотографот вели дека годинава во Холандија го имале најсончевиот април, а тоа им годело на лалињата. Местото било толку магично без толпи народ, што на момент заборавал на фотографирањето и само уживал во мирисот, боите и звуците.
„Понекогаш само седнував до цвеќињата и водата, уживајќи во природата 30 минути. Тоа беше магично искуство.“
Прошетајте во градината низ објективот на Алберт: