Напуштените места во Македонија низ објективот на истражувач од Франција (фото)

25-годишниот Сем од Франција има живеено во Велика Британија, Нов Зеланд и Малезија. Има патувано низ целата Азија, а моментално ги истражува Балканот и Источна Европа.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-01.JPG

Како што вели, урбаното истражување му е голема страст, особено кога станува збор за напуштени места и објекти.

„Возбудливо е да се почувствува енергијата на местата кои во минатото биле полни со живот“, напиша Сем на својот веб-сајт.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-12.JPG

Пред некое време тој го започнал проектот „WayOut53“ – проект за „невидливите сили кои нè тераат да почитуваме и да се однесуваме на начин на кој не би се однесувале сами“.

Преку неговите фотографии, тој се обидува да ги раскаже приказните на државите кои се соочиле со тоталитаризам и слични уредувања, со или без согласност на населението.

„Ова е проект кој се роди бидејќи и јас самиот го почувствував губењето на слободната волја, способноста да се согласам или да не се согласам со нешто“, пишува Сем.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-13.JPG

Како дел од неговиот проект, Сем ја посетил и Македонија - бил во хотелот „Европа“ во Отешево, хотелите „Куба“ и „Кристал“ во Куманово, како и напуштената фабрика „Жито-мел“. Сем го посетил и Споменикот „Илинден“ во Крушево.

„Имав навистина интензивен викенд во Куманово, истражувајќи дел од бројните напуштени места во градот. Куманово имал добра туристичка економија придвижена од минералните извори.

Како што комунистичката економија почнала да се повлекува, управувањето на многу бизниси им останало на приватните инвеститори. Овие приватни инвеститори ја искористиле ситуацијата во нивна корист, што довело до банкротирање на многу бизниси во Куманово“, пишува Сем за Куманово.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-02.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-03.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-04.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-05.JPG

Споменикот „Илинден“ во Крушево, иако не е напуштен, му оставил многу добар впечаток на Сем. Па, тој посветил цела статија само на него.

„Сакав да напишам текст само за овој споменик бидејќи уметниците што го дизајнирале одбрале да го искажат македонскиот идентитет и желбата за независност на многу интересен и фигуративен начин“, вели Сем за споменикот.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-06.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-07.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-08.JPG

Кога сакал да го истражи хотелот „Европа“, Сем имал тешкотии при наоѓањето сместување.

Смета дека оваа ситуација одлично ја отсликува очајната потреба на Отешево за инвеститори кои ќе му го вратат животот на местото.

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-09.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-10.JPG

napushtenite-mesta-i-objekti-vo-makedonija-niz-objektivot-na-istrazhuvach-od-francija-11.JPG

Ова е навистина интересен проект што сигурно ќе ве заинтересира за нашата историја и сите скриени богатства што ги имаме во државата.

За да дознаете нешто повеќе за авантурите на Сем, посетете го неговиот веб-сајт.

Спирова С. | Црнобело / фото: wayout53

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg