Дистописко село, бункери, тајни пештери – интересни локации кои постојат во Белгија
Белгија е од оние релативно мали држави, но истовремено е и дом на многу интересни атракции, кои знаат да го привлечат внимание на патниците.
Оние коишто сакаат да побегнат од класично туристичко разгледување, далеку од гужвите и сообраќајниот метеж, постојат бројни места и скриени активности, кои подеднакво ќе ви го задржат вниманието.
Во близина на Антверпен се наоѓа селото Доел, кое на луѓето им е познато како необично место за оние кои бараат дистописки атракции.
Додека луѓето се отселувале од Доел за да направат простор за нови згради кои биле потребни за пристаништето, се појавила нова форма на живот и тоа преку улична уметност.
Со текот на годините, многу уметници ги искористиле зградите како свое платно, пресликувајќи го сопственото незадоволство.
Оние кои сакаат бункери и слични работи, можат да си дозволат и такво искуство. Плашејќи се од напад на Советски Сојуз во 1950-ти години, белгиската влада одлучила да изгради таен бункер длабоко во село.
Kemmel Command Bunker останал во тајност со децении, кој за среќа никогаш не бил искористен. Сега на посетителите им се нуди можност да патуваат низ времето и од прва рака да го почувствуваат пулсот на тие години.
Ако патот ве одведе во Лиеж, тогаш препуштете се на искачувањето на Bueren Mountain, која не е планина во вистинска смисла.
Станува збор за искачување на 374 скалила, кои ќе ви овозможат неверојатен поглед откако ќе се искачите на врвот. Овие скалила биле изградени во 1800-тите години за да се обесхрабрат морнарите да стигнат до улицата на црвените фенери.
Пештерите Ремушамп во Белгија се привлечна атракција за оние кои бараат понеобични места за посета. Служејќи како засолниште на ловци пред илјадници години, пештерите уште тогаш имале разновидни геолошки формации и бои во кои ловците уживале на времето, а посетителите можат да уживаат во нив и ден-денес.
Автор: Х. Е. | Црнобело