Кои се најмодерните градови во светот?

Иако денешните градови не изгледаат како што ги замислувале луѓето пред 3, 4 децении, факт е дека сме сведоци на големи технолошки достигнувања во многу делови од светот. 

ova-se-najmodernite-gradovi-vo-svetot-01.jpg

Ова е постигнато со паметно користење на иновациите во различни области, како архитектурата, урбанистичките и социјалните прашања.

Денес, ова се некои од најмодерните градови во светот:

Токио

Дефинитивно, Токио е еден од најнапредните градови во светот, во секој поглед.

Од огромните облакодери изградени во најмодерниот стил, до улиците полни со модерни автомобили и технологија, Токио има сѐ што треба да поседува еден модерен град.

ova-se-najmodernite-gradovi-vo-svetot-02.jpg

Хелсинки

Иако во неговиот пејзаж доминираат неокласичните катедрали, во градот постојат и многу модерни градби.

Целата градска област е опфатена со бесплатна Wi-Fi мрежа и во Хелсинки има дури осум универзитети.

ova-se-najmodernite-gradovi-vo-svetot-03.jpg

Сан Франциско

Овој град е центар за компјутерската индустријата во Америка и е дом на познатата Силиконска долина -  седиштето на многу технолошки гиганти и илјадници млади компании.

Ova se najmodernite gradovi vo svetot 02

Сеул

По војната во Кореја, голем дел од населението се преселило во Сеул, кој се претвори во еден од најмодерните и најпросперитетни градови на денешницата.

Во 2010 година, Сеул беше прогласен за Светски главен град на дизајнот.

ova-se-najmodernite-gradovi-vo-svetot-04.jpg

Шангај

Најголемиот град во Кина е, исто така, една од најголемите градски области во светот.

За време на неговиот раст и развој, градот стана голем финансиски и економски центар, со зона дизајнирана специјално за трговија во странство и инвестиции.

ova-se-najmodernite-gradovi-vo-svetot-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg