Европски остров кој може да го посетат само 1.000 луѓе годишно – какви мистерии се кријат?
Средоземното море крие еден мал остров, идеален за криење на богатствата што наводно се таму. Сепак, тешко е да се поверува дека некогаш ќе можете да го пронајдете ова богатство…
Имено, островот Монтекристо, кој го слави големиот француски писател Александар Дима во неговиот роман „Грофот Монте Кристо“, ја чува легендата за богатството што таму го скрил познатиот пират Барбароса.
Само илјада туристи годишно имаат дозвола да го посетат овој природен рај. Не мора ни да кажеме дека постои список на чекање, па ако се најавите сега, сметајте дека ќе го видите островот дури за неколку години.
Монтекристо е дел од Националниот парк на тосканскиот архипелаг. Имајќи го предвид ова, јасно е дека италијанските власти не сакаат ловците на богатство да ја нарушат недопрената природа.
Точната локација и содржината на скриеното богатство остануваат мистерија, а гласините за островот како место за криење на пленот започнале пред стотици години, кога манастирот на островот почнал да се здобива со огромно богатство.
Гледајќи на ова од денешна перспектива, ова не изненадува, бидејќи првата капела на островот била изградена уште во седмиот век, а подоцна донациите на богатите семејства помогнале во доградбата.
Сепак, некои луѓе веруваат дека Барбароса ги криел сите украдени скапоцености токму тука. Во секој случај, островот сигурно ќе биде место на легенди и мистерии долго време.
Ашера | Црнобело