Мексико Сити, Шарџа - Најкреативните градови ширум светот

Иако Лондон, Њујорк и Париз се сметаат за креативни центри, се појавува нова генерација уметнички градови што сериозно се закануваат да ги засенат овие три главни центри. 

najkreativnite-gradovi-shirum-svetot-01.jpg

Во овие градови владее успешна локална, креативна сцена која го привлекува вниманието на луѓето од целиот свет.

Еве за кои градови станува збор:

Мексико Сити

Светската дизајнерска организација го прогласи Мексико Сити за светски град на дизајнот во 2018 година, поради уникатната архитектура, визуелната култура и иновативниот дизајн. 

Можеби најпознатите уметници од овој град се Фрида Кало и Диего Ривера.

Иако поминаа шест децении од нивната смрт, нивните дела продолжуваат да ги инспирираат и охрабруваат другите мексикански уметници во развивање на сопствениот талент.

Со експонати од над 150 меѓународни галерии, Zona Maco стана суштински саем за уметност, додека Material Art Fair се фокусира на младите уметници.

najkreativnite-gradovi-shirum-svetot-02.jpg

Шарџа

Честопати во сенка на неговите блиски соседи Абу Даби и Дубаи, Шарџа конечно ја добива својата шанса да блесне, благодарение на шеикот кој има чувство за уметност и поезија.

Како и во другите емирати, и тука управува наследна монархија. Хур Ал Касими е најмладата ќерка на владетелот на Шарџа и е многу заинтересирана за уметност.

Така, градот се здоби со репутација на креативен и културен центар во Обединетите Арапски Емирати. Во последниве години, пак, неговиот културен календар процвета благодарение на настани како што се Биенале за современа уметност „Шарџа“, биенале за графички дизајн и фестивалот Исламска уметност.

Фондацијата Sharjah Art, управувана од Хур Ал Касими, е центар на современата уметност во регионот.

najkreativnite-gradovi-shirum-svetot-03.jpg

Дакар

Со 60 проценти од населението под 25 години, Африка е најмладиот континент на планетата. Благодарение на својата сурферска култура и успешна сцена во современата уметност, Дакар е во срцето на интересот на младите.

Главниот град на Сенегал е најзападниот град на африканскиот континент и е упориште за новата генерација уметници, дизајнери и студенти.

Во 2022 година, градот треба да биде првата африканска локација за Младински олимписки игри. Основан во 1989 година, Dak'Art е најстарото биенале во Африка кое се фокусира на современата уметност и литература.

Друг настан што го привлекува вниманието на меѓународната модна заедница е Dakar Fashion Week.

najkreativnite-gradovi-shirum-svetot-04.jpg

Бангкок

Повеќе од 8 милиони луѓе живеат во овој хаотичен град од бетон и неон, полн со политички тензии.

Преку рап музика, графити, современа уметност и фотографија, тајландските креативци се борат против цензурата. Новата генерација уметници и куратори собираат храброст да зборуваат на нови и субверзивни начини.

najkreativnite-gradovi-shirum-svetot-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg