4 забавни идеи каде да отпатувате во декември - термални бањи, божиќни пазари

Во пролет и лето лесно може да си го организираме времето и да смислиме некоја интересна активност. Може да ставиме ранец на грб и да се качиме во првиот авион. Но, каде во декември? И покрај тоа што важи за студен месец во Европа има одлични можности кои совршено можат да се вклопат во вашата патувачка агенда.

4-zabavni-idei-kade-da-otpatuvate-vo-dekemvri-termalni-banji-bozhikjni-pazari-01.jpg

Наместо да се оптоварувате што да правите во последните денови од декември, букирајте брзински некоја евтина карта до Будимпешта и дозволете си себеси уживање во комплексот на термални бањи Szechenyi, каде има дури 21 базен, а водата е лековита и полна со калциум, магнезиум и натриум.

FotoJet3 2

Од друга страна без разлика каде ќе заминете, нема да ги избегнете божиќните маркети кои во Европа посебно се убави.

Растреперени светилки, новогодишни украси за вашата елка, декорации за вашите домови, чоколадни зајчиња, музички концерти и еден куп костуми на Дедо Мразовци. 

Божиќните маркети се главно собиралиште на мештани и на туристи. Велат дека во Виена, Прага, Стразбур, Франкфурт се наоѓаат најубавите маркети.

FotoJet2 3

По сите дневни и ноќни активности, гостење со традиционална кујна може да ве направи посебно задоволни.

Излезете од шаблонот и евидентирајте што сè имате пробано. Од австриските штрудли, белгиските вафли, хрватското црно рижото до француските кроасани, германските переци, унгарскиот гулаш…

На списокот не се гледа крај. Верувајте!

FotoJet1 2

Тука ќе се вметне и посета на настани со скулптури од лед. Последниот месец е најсоодветен за тоа, а тогаш има и најголем број на вакви настани низ Европа. Да не знаеш од каде прво да почнеш. Белгија, Германија, Франција, Финска… На речиси сите настани има изложено фигури кои сигурно ќе ви го одземат здивот, а ако патувате заедно со вашите деца, тие и најмногу ќе се радуваат на тоа и вие покрај нив.

FotoJet31

Е. Х. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg