9 трикови што ќе ви го олеснат патувањето со деца со автомобил
Голем дел од родителите признаваат дека им е тешко да се концентрираат на возење кога нивните деца „лудуваат“ на задното седиште. Родителите велат ова може да доведе до поминување на црвено светло на семафор, нагло сопирање, па дури и принудно запирање на автомобилот и други потенцијално опасни ситуации. Па, како да го „преживеете“ патувањето со деца со автомобил?
Кога станува збор за однесувањето на децата, на врвот на списокот се наоѓаат плачењето и врескањето, а ова некогаш е проследено со тепачки меѓу сестри и браќа.
Речиси половина од возачите полудуваат кога ќе им го удрат седиштето, кога ќе им го одврзат безбедносниот ремен и кога ќе почнат да летаат играчките во автомобилот.
Овие девет совети ќе ви помогнат при патувањето со децата ако ве чека долго возење со автомобил:
1. Испланирајте го патот однапред за да избегнете непотребни запирања.
2. Одвоје време за тоалет и паузи за одмор. На децата им е тешко да седат мирни многу долго, па паузите ќе им бидат можност да се раздвижат.
3. Експериментирајте со различни жанрови на музика во вашиот автомобил за да ја пронајдете музиката што ќе им се допадне на вашите деца.
4. Опремете го вашиот автомобил со уреди кои ќе ги занимаваат децата.
5. Вклучете ги децата во планирањето на патот. Поради тоа ќе бидат возбудени и ќе му се радуваат на патувањето.
6. Имајте доволно грицки и пијалаци за децата. Бидејќи, гладни деца се бучни деца.
7. Земете ги омилените играчки што ќе им овозможи чувство на блискост и безбедност на вашите деца.
8. Вклопете го патувањето во рутината на вашите деца. На пример, ко спијат во одредено време, размислете дали би можеле да спијат додека возите.
9. Вашите деца треба да бидат удобно облечени и да седат на соодветно седиште. Покрај тоа, дури и ако е лето, не заборавајте во автомобилот да ставете блузон или нешто слично за децата.
Ашера | Црнобело