Железнички линии кои нудат идилични глетки заради кои ќе посакате да патувате низ светот со воз
Ако сакате да стигнете од едно до друго место на светот брзо, секако, авионот е најдоброто превозно средство.
Но, ако сакате да уживате во природата која ве опколува, посебно во зима да ја доживеете идиличната атмосфера, тогаш треба да патувате со воз.
Стуткани под кебе со топол пијалак во рака, може да искусите прекрасна зимска бајка, која не е возможна со ниту еден друг начин на транспорт.
Постојат неколку железници низ светот кои поминуваат низ најубавата природа која ќе сакате да ја видите во зима.
Погледнете дел од нив:
Bergen Railway
Го поврзува Осло и Берген со 7-часовно патување низ норвешката дивина која е многу подраматична и идилична во зима.
Glacier Express
Возењето со воз од Сент Мориц до Цермат трае 8 часови, но нема ни да ги почувствувате додека уживате во природата и ги поминувате многубројните мостови и тунели.
Tadami Line
Оваа железничка линија поминува низ најубавите глетки од природа во Јапонија, кои се посебно спектакуларни кога се покриени со снег.
М. М. | Црнобело