Само 3 семафори, куќи со тревници на покривите: 9 факти за животот на Фарските Острови
Има повеќе овци од луѓе
Има речиси 2 пати повеќе овци од луѓе, односно околу 80.000 овци, и овците се многу важни за економијата на оваа територија.
Фармерите на овците им ставаат рефлексивни детали за возачите на автомобили да не ги удрат. Овците служат и како „косилки“ на тревата.
Сурова клима
Климата не е многу пријателска и често е мрачно, облачно и студено. Чадорот е задолжителен затоа што времето се менува неверојатно брзо.
Ветровите некогаш корнат и покриви и превртуваат автомобили. Но, кога овци летаат во воздух тогаш е лошо, затоа што овие животни обични ги претчувствуваат бурите и се засолнуваат.
Интересни традиции
Имаат традиционални танци со плетени носии. Традиција е и девојките да прават плетени работи кои им ги подаруваат на момците за да ја проверат нивната сериозност.
Ако подарокот е отфрлен, тогаш момчето сè уште не е подготвено за брак.
Бесплатен јавен превоз
Јавниот превоз е бесплатен низ главниот град, па кога сте на Фарските Острови како турист можете слободно да го разгледате Торсхван без да потрошите ниту една круна.
Уште фотки од магичните Фарски Острови:
Прочитајте и Малите деца не учат кога е под −45°C: 14 факти за животот околу Северниот поларен круг!
С. С. | Црнобело