Само 3 семафори, куќи со тревници на покривите: 9 факти за животот на Фарските Острови
На Фарските Острови има дупло повеќе овци од луѓе, јавниот превоз во главниот град е бесплатен, не постојат затвори и сите го знаат бројот на премиерот.
Фарските Острови се група на острови во Атлантскиот Океан, помеѓу Шкотска, Норвешка, и Исланд.
Најголем и главен град е Торсхавн, кој брои околу 19.000 жители, а на овој архипелаг живеат околу 48.000 луѓе.
Нивното име во буквален превод значи „Овчи острови“ и животот таму не е воопшто сличен како на другите места и е прекрасен на свој уникатен начин.
Запознајте го ова сурово, но прекрасно место:
Автономен регион од Данска
Фарските Острови се автономен регион на Кралството Данска од 1948. Ги имаат во своја надлежност повеќето области, освен одбраната (немаат сопствена војска, која е одговорност на Данска, освен мали Полициски Сили и Крајбрежна Стража) и надворешни работи.
За разлика од Данска, не се дел од Европската Унија.
Валутата е фарска круна
Интересно е што валутата на Фарските Острови не е независна, таа е поврзана со данската круна, но на дизајнот на фарската круна има прекрасни локални пејзажи.
Има само 3 семафори
Во малиот главен град Торсхван се сместени сите семафори што ги има на Фарските Острови и се вкупно 3.
Куќи со тревници на покривите
Многу локални жители живеат во мали скандинавски куќи со тревници на покривите, кои ја задржуваат топлината внатре кога има екстремно ниски температури.
Луѓето се многу гостопримливи и вратите од домовите не ги заклучуваат. Секој се знае со секого и телефонот на премиерот е лесно достапен за сите жители.
Не постојат затвори
Има многу низок степен на криминал и не постои затвор. Но, ако се случи некој да биде осуден на повеќе од 1.5 година тој се испраќа во затворите во Данска.